ЗЕЛЕН КАРТОН: Се готви едномесечен за 30 евра
Објавено во: Економија, Мои пари 14 Јуни, 2015 19:51
Владата размислува да воведе едномесечен зелен картон .
Според она што го откри премиерот оние што патуваат поретко ќе може да извадат зелен картон кој би чинел 30 евра за автомобили до 66 киловати, а 50 за оние со над 66 киловати.
Во моментов зелените картони се вадат на годишна основа,а во иднина оние на кои им треба само за годишен одмор ќе може да извадат за еден месец.
Ова се новите законски измени кои Владата ги подготвува за зелениот закон.
Премиерот рече дека се размислува оние луѓе кои не излегуваат често од државата, односно патуваат еднаш во годината, еднаш или неколку пати во еден месец за годишен одмор или слично да се воведе и едномесечен зелен картон кој би чинел 30 евра за оние што имаат патнички возила до 66 киловати, а 50 евра за оние со над 66 киловати и смета дека ќе се воведе можност за сами да си одберат граѓаните.
До овие информации фактор дојде пред два месеци кога и пишувавме дека владата спрема анализи дали Зелениот картон што се издава за возила со кои се патува во странство, ќе важи како досега цела година, односно до регистрација, или пак ќе се вратат делови од старото законско решение со кое Зелен картон можеше да се вади и за еден месец, три месеци и шест месеци.
Можеби ќе ве интересира
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри




