26 Април, 2024
0.0275

ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА: Колку сме далеку од ЕУ просекот?

Објавено во: Економија 25 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Струјата произведена од еколошки чисти извори, како ветерот, сонцето, водата и биогасот достигна учество од 24,1 отсто во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија во 2015 година, покажуваат последнитедостапни податоци на Евростат.

Овој удел на ниво на ЕУ изнесува 30 отсто, а најмногу зелена енергија се троши во Австрија, каде што речиси три четвртини од потрошената енергија (73 отсто) е добиена од обновливи извори. По неа следат Шведска (65 отсто), Португалија и Данска (двете по 54 отсто) и Латвија (51 отсто). Во долниот дел на табелата, со најмало учество, се Малта (6 отсто), Луксембург и Холандија ( по 7 отсто) и Кипар (9 отсто).

Од земјите во регионот, во Бугарија процентот на зелена енергија во вкупната потрошувачка изнесува 19 отсто, во Црна Гора 51 отсто, во Албанија 86 отсто, во Србија 29 отсто, а во Грција 24 отсто. Хрватите имаат удел од 47 отсто, а Словенците од 32 отсто.

Со владиниот Акциски план за обновливи извори на енергијата се предвидува нивниот удел во вкупната енергетска потрошувачка во Македонија до 2020 година да достигне 21 отсто, до 2025- 25 отсто, а до 2030 година 28 отсто. Од достапните податоци се гледа дека земјава се доближува до остварување на зацртаните енергетски цели.

- Производството на електрична енергија од изградените електроцентрали кои се стекнале со статусот на повластени производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија изнесува 326.969.913 kWh во 2017 година и споредено со претходните две години, може да се увиди дека секоја година забележува пораст. Она што може да се констатира од анализата на последните 3 години е дека и покрај тоа што вкупното производство од повластени производители е со нагорен тренд, сепак ако го анализираме секој одделен обновлив извор на електрична енергија ќе забележиме дека производството не е во постојан раст како што е случајот со малите хидроелектроцентрали и ветерната електроцентрала- велат во Регулаторната комисија за енергетика.

Според нивата евиденција, најмногу струја од обновливи извори произведуваат малите хидроцентрали. и од нив се добива 43 отсто во вкупното производство на електрична енергија од повластени производители, учеството на ветерните електроцентрали изнесува 34 отсто, трето рангирани се термоелектроцентралите на биогас со 16 отсто и најмало е учеството на фотонапонските електроцентрали кое изнесува 7 отсто.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија