14 Декември, 2025
0.1009

ЖЕЛЕЗАРА И ДЕНЕСКА НЕМА ВОДА, ВОДОВОД СЕ ОГЛАСИ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ЧАИР - внимателно со трошењето, ќе снема половина град и тоа ќе трае со денови

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2025 12:08

Добивај вести на Viber

Никако да се реши проблемот со водата во Скопје. Граѓани од Железара се жалат дека немаат вода и по 24 часа, а, како што нагласуваат, утре е работен ден и децата треба да се носат на училиште.
„Како мислат вака без вода да живееме, децата утре како ќе ги носиме на училиште“, вели една жителка на населбата Железара.
Се огласија и од скопски Водовод, апелирајќи граѓаните од Чаир кои добиваат вода да не ја трошат нагло, бидејќи така ќе се прекине снабдувањето за половина град, состојба која може да трае со денови.
„Вчера успешно се заврши акцијата за која ЈП Водовод и канализација уредно извести преку сите медиуми уште на 27.05.2025 година дека на 31.05.2025 година од раните утрински часови ќе се спроведе изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, што е потфат кој се прави еднаш на 60 години за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намалување на загубите на вода и трае 15 часа.

Зафатот е завршен успешно, а за да нема дефекти на водоводната мрежа при повторно пуштање на водата под притисок, се работи полека и постепено со цел да се регулира мрежата.

Утрово беше постигнато нивото на редовно водоснабдување преку населено место Железара во општина Гази Баба, но поради преголема потрошувачка и повлекување од Чаир мрежата се празни пребрзо односно пред да може да се стабилизира водоводната мрежа има пад. Се замолуваат граѓаните за трпение и рационално да користат се до стабилизација на мрежата во спротивно ќе предизвика Чаир недостаток за половина град кој може да трае со денови.

Повеќето известувања од страна на ЈП Водовод и канализација Скопје беа пренесени од медиумите до јавноста, а веруваме и дека граѓаните разбираат која е сериозноста на зафатот кој еднаш мора да се направи, а тој ден беше вчера.

Со реализација на овој проект се подобруваат хидрауличките услови во водоводната мрежа, со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведена мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод Ф 1600mm кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод Ф 700mm на булевар Александар Македонски кој се напојува од градскиот магистрален цевковод Ф 1600mm, преку ново предвидениот магистрален цевковод Ф 700mm, кој ќе биде поставен по должината на ново предвидениот бул.Хрватска. Со ваквото поврзување се создадаваат условите за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата магистрални цевководи во градот Скопје“, се вели во известувањето од Водовод и канализација.

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово