Земја во која 90% од граѓаните работат во државно
Објавено во: Свет 06 Мај, 2017
Во Туркменистан 90% од населението е вработено во државно.
Но, има и други факти за оваа земја кои не сте ги знаеле.
Од површината на оваа земја 80% зафаќа пустината Каракум која е ненаселена.
На лето има температури над 50 степени, а на зима и под нула и паѓа снег.
Земјата има една четвртина од резервите на гас во светот.
Сепак, 60% од населението живее во сиромаштија.
Писменоста кај луѓето постари од 15 години е 99.7%.
Имаат 26 аеродроми иако се само 5 милиони граѓани.
Познати се по теписите, а некои од оние кои се во музеите се постари од 200 години.
Поради пустината населеноста е 10 луѓе на квадратен километар.
Интернет користат само 1.59% од населението.
Сапамурат Нијазов беше на власт од 1990 година до 2006 година кога почина.