Добивај вести на Viber
Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на откупен пункт за земјоделски производи во општина Пехчево.
Станува збор за 5 градежни парцели кои се предмет на јавно наддавање и се со површина од 891 до 5973 метри квадратни.
Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 26.11.2014 година, соопшти ресорното Министерство.
Право на учество во јавните наддавања имаат физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни лица (домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија).
Јавните наддавања се електронски и ќе се одржат на 03.12.2014 година на интернет-страницата
www.gradezno-zemjiste.mk