Земјотрес од 7.5 степени ја стресе оваа земја
Објавено во: Свет 14 Мај, 2019
Земјотрес со јачина од 7,5 степени ја потресе Папуа Нова Гвинеја.
Епицентарот на земјотресот бил 45 километри североисточно од Кокопоа, на релативно мала длабочина од 10 километри.
Пацифичкиот центар за цунами издаде предупредување дека опасно цунами би можело да го погоди брегот лоциран на скоро 1.000 километри од епицентарот на земјотресот, пренесе ТАС С.
Папуа Нова Гвинеја се наоѓа на сеизмички активен огнен прстен, кој го опкружува Тихиот Океан.