Земјотреси ја стресоа Бугарија
Објавено во: Балкан 02 Август, 2018
Два земјотреси денеска се регистрирани во соседна Бугарија.
Земјотрес од 4.1 степени попладнево ја стресе земјава.
Според објавените податоци од Европско-медитерански сеизмолошки центар епицентарот на земјотресот бил на 55 километри од Благоевград.
Тој е регистриран на длабочина од 10 километри. Засега нема податоци за евентуални материјални штети.
Во текот на денот имаше и друг земјотрес со јачина од 2.9 степени, на 51 км од Благоевград.