Жени се степале во автобус
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2021
Жени се тепале во автобус. На 15 декември, околу 19 часот, жена нападнала 19-годишна девојка.
„И.С.(19) од с.Кучевиште, скопско, пријавила дека околу 18.30 часот во автобус кој сообраќал на релација од Транспортен центар до селото Побожје, била физички нападната од женско лице И.М.“, соопшти полицијата.
Додаваат дека е направен записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавиот ред и мир.