08 Мај, 2024
0.0273

Жерновски: Помина една година од фолклорниот настап на Иванов

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи, по синоќешниот говор на премиерот Зоран Заев пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, потсети дека пред една година на истото место зборувал поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, кој како што вели тој, се трудел по секоја цена Македонија да остане заведена под референцата БЈРМ непосредно пред референдумот за Преспанскиот договор.

„Помина точно една година од фолклорниот настап во Њујорк на тогашниот претседател на државата, кога од петни жили се бореше во ОН да останеме заведени под името БЈРМ, кое,пак, пред да излезе на говорница, го покриваше со лист хартија.
Да го споредиме неговиот со вчерашниот говор на премиерот Заев, да ја споредиме тогашната со сегашната реакција и поддршка на меѓународната заедница.
За само 365 дена, од блокирани евро-атлански интеграции и блокирана иднина на нашите деца, до влегување во НАТО и ЕУ со полни едра!“, напиша Жерновски на својот профил на Фејсбук.

Жерновски лани ја напушти салата на  Обединетите Нации за време на обраќањето на тогашниот претседател Иванов на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание во Њујорк. Жерновски вели дека тоа го сторил за да не му даде легитимитет на говорот на Иванов кој го оквалификува како скандалозен на три дена пред референдумот.

Заев синоќа зборуваше дека Македонија е пред портите на НАТО и дека очекува доделување на датум за преговори од ЕУ во октомври по договорите со соседните земји и како што рече премиерот, спроведените внатрешни реформи.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава