18 Мај, 2024
0.0334

Жерновски задоволен од пресудата за Груевски: Ќе се борам казната да ја отслужи во македонските затвори

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Андреј Жерновски, кој како градоначалник на Центар во 2013 доживеа упад и прекин на седница, е задоволен од денешната одлука на Кривичниот суд, која го осуди поранешниот премиер Никола Груевски на една и пол година затвор за организација на насилствата пред оптшината со цел да не се промени урбанистичкиот план. Денеска и поранешниот министер за транспорт и врсдки Миле Јанакиески беше осуден условно, но поранешниот заменик-министер за надворешни работи во својот коментар на Фејсбук повече се концентрираше на пресудата за Груевски.
„По 7,5 години од бруталните инциденти и по 3,5 години поминати во судски процеси, денеска правдата ја победи неправдата.

Има работи во нашите животи за кои сакаме и за кои не сакаме да зборуваме. Секој од нас, кои тие два дена од јуни 2013-та година ги доживеа насилните протести, дводневната опсада, заканите по живот, демолирањето на општинските бараки и искршените прозорци, носи трауми и последици во себе за кои не сакаме да зборуваме. Некои од нив, сфатив подоцна, ќе останат засекогаш како трајни последици.

Режимите, најчесто, тоа и го прават, зарем не?

Сега е веќе јасно дека единствената причина за тогашните протести не беше грижата на Груевски за црквата “Свети Констатин и Елена”, туку грижата и стравот дека ќе се стопира изградбата на другите објекти од криминалниот проект “Скопје 2014” кои беа од негов и нивен интерес. Поништувањето на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ претставуваше директна закана за опстојувањето на бизнис интересите на партискиот врв и нивните блиски бизнис партнери.

Иако постојано и во целост ги демантирав тврдењата кои доаѓаа од Белата палата дека имаме намера да рушиме цркви, нивнатата партиско-медиумска машинерија не ги објавуваше моите изјави дека се работи за груба манипулација со чувствата на вистинските верници и дека целото договорено сценарио е масло на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.

Во овој предмет, впрочем, имаше и две признанија на вина на почетокот на судскиот процес од обвинети кои во периодот на протестите беа советници во Општина Центар.

Во мојот живот, никогаш не сум посакувал нечиј татко или нечија мајка да оди во затвор, најмалку поради мене. Никогаш не сум барал среќа во туѓа несреќа.

Така е и денеска, кога ја слушнав пресудата.

Меѓутоа, Никола Груевски, како поттикнувач на насилствата пред Општина Центар, заслужи да биде казнет. Верувам и ќе се борам за тоа казната да ја отслужи во македонските затвори. Останатите инволвирани во насилствата, нека извлечат поука. За себе и за другите.

Оваа пресуда и казна, за мене, е важна за да испрати порака до сите дека никој не е над законот, но и да се одвратат сите други кои имаат или ќе имаат такви намери да го сторат тоа во иднина.“, напиша Жерновски.


Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза