14 Декември, 2025
0.0560

„ЖЕСТОКО ЌЕ СЕ СПРОТИСТАВИМЕ СО ОНИЕ КОИ МИСЛАТ ДЕКА НЕ НАДМУДРИЛЕ“: премиерот им се налути на трговците

Објавено во: Економија 24 Декември, 2024 13:41

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена. 

- На седница на Влада ќе побарам робусна, жестока акција од Пазарниот инспекторат затоа што добивам информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови. Јас со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други призводи како маслото, лебот, јајца, брашно.... 

Жестоко ќе се спротиставиме со оние што мислат дека не надмудриле. Срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат. Сакавме да покажеме добра волја, а видете како враќаат. Ова не е коректно и денеска од страна на министерот за економија и труд ќе побарам вонредна инспекција и ова девијатно однесување да престане, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на спортска сала во населено место Црешово во општина Гази Баба. 

Со мерката „Новогодишна кошничка“, која важи до 15 јануари, се опфатени повеќе од илјада производи. Беше направена во соработка со трговските и производителите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните празници. Надлежните очекуваа намалување на прехранбените производи за околу 10 проценти, но граѓаните се жалат дека не се забележува некое поголемо намалување на цените и дека се зголемени цените на основните прехранбени производи како брашното, зејтинот, јајцата... 

Во однос на 250-те милиони евра од првата трашна од унгарскиот кредит кои се наменети за бизнис секторот, Мицкоски рече дека има административни процедури што треба да се завршат и очекува во јануари овие средства да бидат оперативни.

- Во Парламентот треба да помине закон којшто не сакаме да го ставаме на брза лента, туку да помине во редовна процедура, рече Мицкоски. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

Можеби ќе ве интересира

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз