20 Декември, 2025
0.0397

Зголемен профитот на „Goldman Sachs“

Објавено во: Свет 17 Април, 2013 12:00

Добивај вести на Viber

Во првото тромесечије од оваа година  нето профитот на банката „Goldman Sachs“ е зголемен за 7,2 проценти, на 2,26 милијарди. Добивката за акција за периодот од јануари до март во 2013 година изнесува 4,29 долари, во споредба со 3,92 долари во првиот квартал од 2012 година, соопшти банката. Во однос на претходното тромесечје, добивката за првите три месеци од оваа година е намалена за 21,9 проценти. Аналитичарите во анкетата на Блумберг прогнозираа профит од 3,78 долари за акција. Приходите на банката во изминатиот квартал се зголемени за 1,4 проценти, на 10,09 милијарди долари, во споредба со 9,95 милијарди во првиот квартал од 2012 година. Во споредба со четвртиот квартал од минатата година, приходите се зголемени за 9,2 проценти. Банката ги зголеми приходите за 36 проценти на годишно ниво, на 1,57 милијарди долари и 12 проценти на тримесечно ниво. Сопствените кредитни и инвестициони операции во првиот квартал од оваа година на банката „Goldman Sachs“ и донесоа приходи од 24 милиони долари, а управувањето со инвестиции 1,1 милијарди долари. Како што е наведено во соопштението „Goldman Sachs“, во завршениот квартал се задржа на првото место по обемот на организираните спојувања и аквизација.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот