Добивај вести на Viber
Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски нема да ги потпише донесените урбанистички планови за Тасино чешмиче и Капиштец -Водно, бидејќи ги смета за незаконски. Со плановите се предвидува и изградба на десеткатница на Водно.
Претседавачот на Советот Мирослав Шиповиќ ќе треба ДУП-овите повторно да ги стави на дневен ред на следната седница за 15 дена, а нивното изгласување повторно ќе зависи од неговиот глас.
„Ако остане на ставот што го имаше минатиот пат и пак гласа против или воздржано, плановите нема да бидат усвоени. Ако Шиповиќ сепак гласа “за“, тогаш ќе ја дадам одлуката на преиспитување на Уставниот суд, а ќе поднесам и претставка до министерот за локална самоуправа“, најавува Жерновски.
Градоначалникот, кој минатата недела јавно го обини Шиповиќ дека менува страна и ќе ги поддржи измените на спорните детални урбанистички планови, признава дека неговата комуникација со претседавачот на Советот на општина Центар и послаба од претходно.