16 Јануари, 2025
0.0296

Жителите на Центар пак му одговорија на градоначалникот дека не сакаат барок-фасада

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Жителите на зградата на улица „Македонија“ бр.16 уште еднаш преку писмо му повторија на скопскиот градоначалник Коце Трајановски дека не сакаат фасадата на нивната зграда да биде преуредена во барок-стил. По писмото во кое Трајановски им даде 10 дена за уште еднаш да размислат за првичниот негативен одговор, жителите на Центар му возвратија остро - не се премислуваат. „Начинот на којшто ни се обратија од Град Скопје го сметаме за крајно несоодветен. Во писмото буквално ни се сугерира дека треба да одлучиме онака како што тие замислиле, иако и самите признаваат дека веќе еднаш сме го одбиле нивното решение. Понатаму, во нивниот демант велат „според наши информаци, во одредени згради има станари кои воопшто не биле прашани за потребата од рекоинструкција на фасадата“. Се поставува прашањето какви се тие информации, со оглед на тоа што во самото известување од Градот стои „Бидејќи поголемиот број станари не се согласуваат да ви ја изградиме фасадата, истата нема да може да ја реализираме“, што значи тие се свесни дека граѓаните се запознаени со нивната понуда и мнозинството веќе се изјасниле дека не ја прифаќаат“, стои во писмото потишано од претставникот на станарите Владимир Вангелов. Градот Скопје вчера им понуди предната фасада во барок стил да ја уредат градските служби, додека остатоткот општина Центар, која на станарите им нуди енергетски фасади. Ова за нив е неприфатливо. „За нас е потполно нејасно како нашата фасада би била реконструирана парцијално од страна на Градот, оставајќи остатокот да биде реконструиран од Општината, ако се знае дека зградата претставува една целина и заеднички простор за живеење. Не дозволуваме нашата зграда да биде простор за пазарење и натеѓање меѓу двете единици на локалната власт и имаме потполно право да го бараме она што е најдобро и најцелисходно за нас како заедница и граѓани. Во наш интерес е да добиеме целосно, сеопфатно решение за фасадата, модерен изглед и енергетска ефикасност. Градот Скопје не го нуди ова, а ние немаме намера да правиме циркус од нашата зграда. Ние сме сопственици на нашите станови и нашата волја и нашиот интерес треба да бидат неприкосновени“, реагираат станарите. Тие имаа забелешка и на претставениот проект за фасадниот изглед на новната зграда. На известувањето бил прикачен мал црно-бел цртеж од кој не можеле да видат ништо, а предлогот не бил проследен со елаборат и друга документација.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката