01 Јули, 2024
0.0273

Живко Мукаетов: Подобро да си ловец отколку плен

Објавено во: Економија 05 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Најголемиот акционер и претседател на Управата на Алкалоид со свое видување на позицијата, аквизицијата, и потенцијалот на  балканскиот фармацевски гигант

  • Какви резултати остварувате во последните три години?

- Во изминатата декада, Алкалоид ги удвои најзначајните перформанси на работењето. Консолидираните приходи од продажба во 2005 година беа 53 милиони евра, а во 2014 година преку 120 милиони евра. Нето добивката во 2005. изнесуваше околу 5 милиони евра, а во 2014. надмина 10 милиони. И покрај сериозните влијанија на глобалната рецесија, европската должничката криза, влошената економска состојба на цели економии, нестабилноста на пазарите на капитал  и на финансиските сектори, банкарските кризи, девалвациите на националните валути и, општо земено, зголемениот ризик во работењето, секоја година непрекинато и стабилно растеме.

  • Какви се вашите планови за работење на Алкалоид во наредните три години?

- Растот и развојот на Алкалоид се резултат на континуираните инвестиции во производите, технологијата, вработените, знаењето, новите пазари ... Алкалоид бележи постојан раст  и развој со долгорочна определба за одржување  и подобрување на квалитетот на производите, согласно највисоките светски стандарди, а под мотото: Здравјето пред се.

— Денес велат дека не е можен раст без аквизиција...

- И тоа е интересна варијанта. Нашата индустрија е мошне динамична и доколку не сте доволно проактивни во барањето нови опции тешко е да се задржат позициите. Нашата примарна стратегија е поврзана со органскиот раст, но доколку сакаме да се развиваме во Европа, опцијата ни е и таргетирањето на компании кои се во состојба тоа да ни го овозможат.

  • Не сте цел на купување?

- Секогаш е подобро да си ловец отколку да си плен.

  • Сепак, фармацевтските компании тешко опстојуваат ако не се дел од големите системи...

- Свесни сме за неминовноста на глобализацијата, но во овој момент, како независни, ние сме флексибилни и многу побрзи во протокот на информации и донесувањето одлуки. Проактивноста е истовремено и нашата најголема конкурентска предност. Со јакнење на нашите позиции во регионот, со подобро позиционирање на пазарите на земјите на Европската унија, ЗНД и САД, Алкалоид останува непрекинато отворен за изградба на нови синергии и партнерства, за специјализирање во определени групи на производи и за општо јакнење на брендот надвор од границите на Македонија.

  • Сметате дека можете да останете самостојни во наредните три години?

- Веруваме дека можеме, како што можеме и понатаму органски да растеме.

  • Кои од вашите пазари имаат најголем потенцијал за раст?

- Европската унија ни е голем потенцијал бидејќи таму тукушто почнавме да се позиционираме, но тука се и земјите на ЦИС. Градиме портфолио во Грузија, Ерменија и Азербејџан и очекуваме придвижување кон подобро бидејќи таму стартната позиција ни е пониска. Во регионот ни е важно барем да ги задржиме позициите зашто притисокот на цените е голем.

Целото интервју можете да го прочитате на www.jutarnji.hr

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ЦРНОТО ЗЛАТО - цената на нафтата порасна за 6 отсто на месечна основа

ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ЦРНОТО ЗЛАТО - цената на нафтата порасна за 6 отсто на месечна основа

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата