20 Декември, 2025
0.2238

Жртвите од ноќниот клуб во Букурешт пораснаa на 49

Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2015 10:10

Добивај вести на Viber

Бројот на жртвите од пожарот во ноќниот клуб во Букурешт се зголеми на 49 лица. Во клиника во Ливерпул почина уште еден од повредените, кој бил со 60% изгореници, соопштија локални романски медиуми.

Неколку земји, помеѓу кои Холандија, Норвешка, Швајцарија, Австрија, Белгија, Германија и Израел, одговорија на повикот на романските власти и ги примија повредените во своите клиники. Во овие земји беа испратени 35 повредени луѓе, од кои сепак шест лица веќе починаа. Некои дури не го издржаа ни патот до болницата.

Веднаш по пожарот беше соопштено за 27 загинати, а 200 повредени беа однесени во болница. Списокот на жртвите постојано расте.

Од романското Министерство за здравство соопштија дека од 76-те жртви кои во моментов се во болница во Букурешт, 24 се во критична состојба. Останатите се со тешки изгореници, но нивната состојба се оценува како стабилна. „Бројот на жртвите може да порасне и оваа недела ќе биде критична за повредените“, објаснил лекар од болницата за изгореници.

Според првичните податоци причина за пожарот кој избувнал во текот на ноќта наспроти 31 октомври во ноќниот клуб „колективно“, каде имало огномет за време на концерт на рок група. Многу брзо се запалил таванот и речиси 500 лица направиле бутканица кон единствениот излез.

По трагедијата во Романија избувнаа масовни протести, кои доведоа до оставка на владата на Виктор Понта. Протестите меѓутоа не запреа тука и веќе една недела по улиците на Букурешт и други градови излегуваат илјадници луѓе барајќи предвремени избори и борба против корупцијата.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај