„Зидојче Цајтунг“ вели дека Меркел се произнесла против доделување Датум за Македонија
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2019
„Зидојче цајтунг“ објави дека германската канцеларка Ангела Меркел се произнесла против идејата Македонија ова лето да добие Датум за преговори со Европската унија, откако гласилото се повика на свои извори.
Меркел на седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот рекла дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“.
„Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на 'отворни уши' кај ЦДУ и ЦСУ.“, пишува Зидојче цајтунг, според кого министерот за надворешни работи не наишол на разбирање кај лидерите на партиите од владеачкото мнозинство.
И пратеници во германскиот Бундестаг на дебатата за евроинтеграциите на Македонија сметаат дека во самата германска влада има несогласување пред 18 јуни, денот ког Европскиуот совет треба да го објави статусот на Македонија.