20 Декември, 2025
0.0842

Златна треска ја зафати централна Босна!

Објавено во: Балкан 01 Септември, 2013 18:00

Добивај вести на Viber

Официјално почна потрагата по злато во централна Босна. Владата на Среднобосанскиот кантон донесе две одлуки кои се однесуваат на истражување на злато на две локации, Мачкара – Мрачај во општината Ускопоље и во Баковиќи во општината Фојница.

Концесијата за истражување на евентуални наоѓалишта на злато во Ускопоље, но и негово искористување ја доби компанијата Гланз инвестмент Д.О.О. од Сараево. Оваа компанија единствена се јави на јавниот конкурс за истражување и експлоатација на злато. Далеку поголем интерес потенцијалните инвеститори покажаа за истражување на евентуални наоѓалишта на злато во местото Баковиќи во општината Фојница. Во Баковиќи порано постоел рудник за злато кој е затворен пред 77 години, а златото најдено во Баковиќи се извезувало во Велика Британија, како и во други европски земји.

На јавниот конкурс за истражување објавен исто така во мај оваа година, откако и општинските власти на Фојница дадоа зелено светло за истражување, се јавија дури пет компании. Три од нив се домашни: Ескимо С2 од Травник, АУ Аурум од Јајце и Златна жица од Фојница.

Компанијата ББМ Д.О.О. од Сараево подготвени се да инвестираат 10 милиони конвертибилни марки во истражувачката дејност, студијата, потоа да се отстапи на Владата на Централнобосанскиот кантон која по добиените информации од теренот би распишала конкурс за доделба на концесија за експлоатација на златото. Фактот дека некој е подготвен да вложи милиони, а гаранција дека ќе ја добие работата за искористување на златото нема, беше причина што некои членови на Владата на Среднобосанскиот кантон бараа повеќе информации за инвеститорот, како и за самата постапка за доделба на концесијата.

- Златото е веќе најдено, сосема е сигурно дека злато има, а во кои количини, тоа ќе покаже истражувањето кое верувам ќе биде завршено во текот на идната година – вели среднобосанскиот министер за стопанство Сеџад Милановиќ. пишува „Аrtiinfo.ba“.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација