09 Октомври, 2024
0.0340

“Знаеш ли кој сум јас?!”

Објавено во: Стил 02 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Сончев саботен ден, создаден за хедонизам и опуштање. Кафе и муабет, најчесто Дебар Маало и околината, каде што некако се осеќам своја и можам опуштено да дрдорам или да си молчам. И ете ги...пајак службите кои почнаа зачестено да вртат по улици и да собираат се’ што е непрописно паркирано. Како возач повеќе од 20 години, сум била фатена како зборувам на мобилен со мајка ми (дури се обидов да му објаснам на полицаецот дека едноставно не може само со едно “чао” да се заврши муабет со мајка, а особено не со мојата!), еден ѓеврек ме чинеше 25 казнени поени, а чесно си платив и казна за лошо паркирање. Како и да е, не ми било право за казните, иако сум знаела дека ми се по заслуга.

Сум била воспитана на начин кој подразбира да си молчиш кога не си во право и да не се инаетиш...но и да се бориш со сите сили за она за што знаеш дека си во право. Што велат старите, со крстот на чело. Седењето и прошетката низ Дебар Маало овој викенд ми беше една убава шлаканица, за да ме разбуди малку од тој мој убав и нереален свет во кој живеам, а кој ми е потребен за да си го најдам мирот. Тоа е истиот оној свет и принципи кои владеат во него, по кои ја воспитувам ќерка ми и по кои се водам, оти не знам поинаку.

Моментот кога скопските фраери се расправаат со пајак службите за да не платат казна, чиј износ веројатно е колку што испиле и честеле до тој миг во кафеана (оти нели се фраери), со неизбежното урлање на сред улица “Знаеш ли кој сум јас?!!!!” или драматично грабање на мобилниот и израз на лицето ко да му се јавуваат лично на Бог...е момент во кој со сета сила ме удира простотилакот на оние кои неоправдано имаат епитет на фраери.

Во мое време фраерите беа оние од кои се учеа манири! Не беа никако гласни без причина и потреба, не пцуеја, знаеја што е почит и усул. Во мое време епитетот ФРАЕР се заслужуваше со напор и фраерот имаше обврска да го оправда истиот.

Драмата која се одвиваше во еден од поелитните дебармаалски кафичи беше само показател колку вредностите станаа безвредни. 

Целата колумна на поетесата Ана Бунтеска прочитајте ја на Женски магазин, овде.