Зоран Маџиров доживеа тешка сообраќајна несреќа
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Музичарот Зоран Маџиров, кој на светската јавност и е познат како „ботл мен“, односно човекот кој свири на шишиња, вечерва тешко настрада во страотна сообраќајна незгода. Маџиров е префрлен на КАРИЛ во Скопје во коматозна состојба, каде лекарите се борат за неговиот живот, потврдуваат извори од струмичката Општа болница, пренесе Нова Македонија.
Сообраќајната незгода се случила попладнево, околу 18 часот, кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш.
Според првичните сознанија, Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.