Зошто Бил Гејтс за себе вели дека не заслужува да биде богат?
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2019
Mилијардерот Бил Гејтс смета дека платил премал данок и дека не заслужува да биде толку богат.
Досега платил повеќе од десет милијарди долари данок.
Шеесет и тригодишниот основач на компанијата „Мајкрософт“, кој претходно беше и најбогат човек во светот, кој располага со богатство од околу 73 милијарди долари, смета дека тој и други бизнис магнати треба повеќе да придонесуваат.
„Не сум го заслужил своето богатство. Никој не го заслужува. Тоа е резултат на сплет на околности, како што се добар тајминг, среќа и луѓе со кои соработував. Секако дека и многу работев и мислам дека софтвер е корисна работа, но и јас имав корист од целата структура“, вели тој.
Неодамна Гејтс изјави дека и роботите кои ги земаат работните места треба да плаќаат данок. Само поради тоа што работникот технички не е “жив” не значи дека може да заработи пари за ништо, според Бил Гејтс.