05 Мај, 2024
0.0258

Зошто буџетските капитални проекти се само пуста желба?

Објавено во: Економија 13 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Реализацијата на капиталните трошоци е само 54 отсто за првите десет месеци. Кажано во пари, од планирани 23,4 милијарди денари за десет месеци се исплатени само 12,77 милијарди денари. И на ваков резултат за идната година проекцијата е 24,64 милијарди денари. Дали е мегаломанска и служи само за ПР?

Само половина од планираните пари во капитални проекти се вложени во првите десет месеци годинава. До крајот на октомври реализацијата е 207 милиони евра, а треба да бидат вложени речиси уште толку, покажуваат официјалните показатели објавени на интернет страницата на Министерстото за финансии. 

Голем предизвик за актуелната влада ќе биде подобрувањето на ефикасноста и ефективноста на вложување на јавни пари во капитални јавни проекти.

Само за споредба за тековни расходи буџетот за првите девет месеци сервисирал 144,9 милијарди денари (плати, трансфери, субвенции, набавки на стоки и услуги, камати). Нивната реализација е 80,55 отсто од планираното. За капитални трошоци во првите десет месеци се вложени 12,77 милијарди денари и нивната реализација е 54,6 отсто од планираното. Од вкупните расходи  капитални трошоци се само 8 отсто!

Реализацијата на капиталните трошоци отсекогаш е отворено прашање и често се случува да не може да се достигнат проекциите во планот. Многу пати оправдувања се бараат во тендерски процедури, застои, прекини заради изборни процеси, сложени и долги административни постапки. Факт е дека реализацијата на капиталните трошоци секогаш е многу различна од плановите. 

Токму оваа ставка е многу значајна за подобрување на животниот стандард на граѓаните и заради тоа за секоја влада нејзината реализација треба да биде приоритет. Делумно и оправдувачки може да звучи фактот дека во предизборието за последните локални избори некои процеси и проекти морале да забават. Но генерално реализацијата да биде половина од планот навистина бара ревизија и преподесување на постапките и процесите низ кои се канализираат овие средства.

Што се планира за идната година?

 Според официјалните податоци од предлог буџетот за идната година се планираат за капитални расходи 24,64 милијарди денари односно 399,3 милиони евра. Тоа е 1,25 милијарди денари повеќе од годинава (20 милиони евра) односно за 5 отсто поамбициозно од оваа година. Дали ќе успеат да го реализираат ова ако знаат дека оваа година во најдоро сценарио можат да дојдат до реализација од 60 отсто? Останува да видиме. Да не се заборави само: дека за лани првата проекција беше 26,95 милијарди денари, а по ребалансот е сведена на 23,4 милијарди денари. И таа и така намалена за 13 отсто е пуста желба...

Капитални трошоци (милијарди ден.) / % од вкупни расходи

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?