18 Мај, 2024
0.0301

ЗОШТО ДА СЕ ВАКЦИНИРАМ НА КРАЈ, СЕГА СМЕ ИСПЛАШЕНИ ОД ВОЈНА: Почнува караванот за вакцинација против ковид, но интересот речиси и да не постои

Објавено во: Македонија 21 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Денеска и официјално почнува караванот за вакцинација против корона вирусот, а целта на здравствените власти е што поголем процент на вакцинирано население. Сепак, граѓаните кои и досега не успејаа со ништо да ги убедат да се вакцинираат, велат дека во ситуација на се постабилна епидемиолошка состојба, нема логика да го сторат тоа.

-И самите здравствени власти посочуваат дека бројките на новозаразени се во постојан пад. Јас лани ја прележав болеста. Вакцините веќе бе а пристигнати, но редот беше прво најстарите. Тогаш сакав да се вакцинирам, но никогаш не дојодв на ред, а потоа се разболев. Е сега веќе ниту имам интерес, ниту пак планирам да се вакцинирам против ковид. Приказната со короната е на крај, сега народот повеќе се плаши од војната во Украина, отколку од корона. И можеби не толку дека и тука ќе се соочиме со гледање тенкови, но немаштијата, беспарицата, цените на производите, нема ова, нема тоа, бензиот се погоре и погоре...Тоа се моменталните грижи на граѓаните. Никој веќе не зборува за корона, колку има во болниците. Така што за караванот што го најавија од Министерството за здравство, не гледам дека ќе постои некаков поголем интерес од тоа што беше во изминатиот период, вели 29 годишниот Марко Ј. од Скопје.

И матичните лекари посочуваат дека нивните апели не допираат до пациентите. Велат дека имаат и пациенти кои се со хронични заболувања, а кои досега не се вакцинирале, тоа нема да го сторат ниту во наредниот период.

-Ги игнорираат сите пораки. Нашите укажувања дека се во некоја од ризичните групи, кај кои вирусот навистина може да предизвика сериозна тешка форма на болеста, едноставно не допираат до нив. Не сакаат да се вакцинираат сиот овој изминат период, а поготово не сега, кога реално состојбата и полека се смирува. Имаме и пациенти кои примија две дози од вакцината против корона вирусот, потоа се заразија, а сега не сакаат да слушнат за бустер. Инаку, најголем број заразени имавме во вториот и третиот бран. Овие кои сега се болни, се заразени со омикрон варијантата и поминуваат далеку полесно од пациентите кои беа заразени со делта сојот. И токму една ваква ситуација, практично ги одвраќа од одлуката да се вакцинираат против корона вирусот, велат матичните лекари со кои поразговара Фактор.

Инаку, караванот за вакцинација против ковид кој почнува од денеска ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места, согласно распоредот, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата.

-Имајќи предвид дека невакцинираната популација има поголем ризик од смртен исход од Ковид-19, во споредба со вакцинираните, тоа значи дека голем дел од популацијата останува незаштитена. Одлуката за вакцинирање не треба да се одложува. Вакцинирањето е побезбеден начин за заштита на здравјето, отколку инфекцијата со вирусот, која може да доведе до смртен исход, а бустер дозите овозможуваат континуирана и максимална заштита. Вакцините кои се користат се сигурни и безбедни, и здравствените домови располагаат со доволни количини вакцини. Вакцинацијата останува најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а колективниот имунитет е единствениот начин да се победи пандемијата, апелираа од Министерството за здравство. 

Покрај активностите од караванот за вакцинација, кои ќе се реализираат во следните две недели и ќе опфатат 14 локални заедници, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата. 

Ова се локации кои се вклучени во организираниот караван:  

21 март од 11 до 15 часот – Шуто Оризари, плоштад 

22 март од 12 до 16 часот – Кратово, плоштад 

23 март од 12 до 16 часот – Радовиш, плоштад  

24 март од 12 до 16 часот – Струмица, плоштад 

25 март од 12 до 16 часот - Ново Село (Струмица), на пазарот 

26 март од 11 до 15 часот – пред Ист Гејт Мол во Скопје 

27 март од 11 до 15 часот – Куманово, плоштад  

28 март од 12 до 16 часот – Липково, паркинг во село Матејче  

29 март од 12 до 16 часот – Арачиново, до поштата  

30 март од 12 до 16 часот – Чучер Сандево, во ОЈУ Партизански дом во село Сандево 

31 март од 12 до 16 часот – Зелениково, во дворот ОУ „Марко Цепенков“  

1 април од 12 до 16 часот – Врапчиште, Дом на култура во село Неготино 

2 април од 11 до 15 часот – Кичево, Дом на култура 

3 април од 11 до 15 часот – Струга, Ново Шеталиште 

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“