04 Мај, 2024
0.0276

Зошто „Фершпед брокер“ си пукаше во нога? Продаде свои акции во „Уготур“ со загуба од 60.000 евра!

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

„Фершпед брокер“ во мај лани купи над 197.000 акции со право на глас (24,4 отсто од сите акции) во „Уготур“ и плати по 101 денар за секоја акција. Акциите во „Уготур“ ги купи од фирмата мајка „Фершпед“, а ги плати со парите од продажба на своите акции во Македонската берза и во ЦДХВ. Пред неколку дена „Фершпед брокер“ продаде 38.817 акции по цена од 7 денари за акција и направи нето загуба од околу 60.000 евра. Од „Фершед брокер“ одбија да одговорат зошто се одлучиле на ваков чекор...

„Фершпед брокер“ продаде 38.817 свои акции во „Уготур“ по цена од 7 денари за акција на извесна Наташа Милева, акционер во „Уготур“, ова е информација објавена на интернет страницата на берзата на 24 февруари годинава. Ништо не би било чудно и необично, но „Фершпед брокер“ во мај лани истите тие акции во „Уготур“ ги плати по цена од 101 денар за акција! Тоа значи дека „Фершпед брокер“ по само осум месеци продаде акции со загуба од 94 денари односно 93 отсто од сумата што ја дал за истите тие акции. Вкупната загуба на „Фершпед брокер“ во овие две трансакции е 3,65 милиони денари односно речиси 60.000 евра! За потсетување, во мај лани, „Фершпед брокер“ купи од фирмата мајка „Фершпед“ 24,4 отсто од акциите во угостителска фирма Уготур, која две години наназад работи со загуба, а ги плати акциите четири пати поскапо од нивната книговодствена вредност. При тоа „Фершпед брокер“ плати 101 денар за акција што на 12 јануари 2016 година некој ја продал за 7 денари за акција (количеството е 500 акции, а трансакцијата е 3.997 денари). Во голема мерка парите што „Фершпед Брокер“ ги обезбеди за купување акции во „Уготур“ беа од продажбата на своите акции во „Македонската берза за хартии од вредност и од Централниот депозитар за хартии од вредност.

Зошто „Фершпед брокер“ се одлучи на ваков чекор?

Останува нејасно зошто брокерската куќа се одлучи на чекор со кој направи „финансиска дупка“ од 60.000 евра. „Фактор.мк“ во интерес на целосно и обејктивно информирање на јавноста упати прашања до „Фершпед брокер“ во кои бараше одговори на прашњата: дали имате одобрение од „Фершпед“ како единствен акционер за оваа продажба? Зошто „Фершпед брокер“ ги продаде 38.817 акции во „Уготур“ по цена од 7 денари за акција, a истите ги купи по цена од 101 денар за акција ? Како ќе ја покриете загубата од 3,65  милиони денари настаната со овие трансакции? Во телефонски разговор бевме известени дека  „за се што требало да дадат отчет ќе биде преку берза“
„Фактор.мк“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста и сите акционери во „Фершпед“ достави прашања и до најголемиот поединечен акционер на таа компанија Драган Наков, кој воедно е и член на Управниот одбор. Наков го прашавме: Дали сте информиран дека „Фершпед брокер“ направи загуба од 3,65 милиони денари затоа што продаде 38.817 акции во „Уготур“ по цена од 7 денари за акција, a истите ги купи по цена од 101 денар за акција ? -Дали ја одобрувате како најголем поединечен акционер во Фершпед“ оваа деловна операција? Како „Фершпед брокер“ ќе ја покрие загубата од 3,65  милиони денари настаната со овие трансакции?Дали тоа ќе се одрази на работењето на „Фершпед“? Дали Наташа Милева, најголем акционер во „Уготур“ е вработена во „Фершпед“? Доколку добиеме одговори од Драган Наков во целост ќе ги објавиме.

Феноменот наречен Наташа Милева! Со 24.500 евра купи 24,9 отсто од „Уготур“!!!

Извесна Наташа Милева, заведена во акционерската структура како домашно физичко лице, е купувач на акциите во „Уготур“ што ги продаде „Фершед“. Со таа трансакција Милева стана најголем акционер во „Уготур“ и сега таму поседува 24,92 отсто од акциите со право на глас. Милева по последната трансакција поседува вкупно 215.874 акции во „Уготур“. За сите нејзини акции во „Уготур“ Милева плати помалку од 25.000 евра затоа што сите акции ги плати по цена од 7 денари за акција. Го може ли тоа секој???
Милева првата количина акции ја купи во јануари годинава и тоа од „Технометал Вардар“. Тогаш купи околу 20 отсто од акциите со право на глас. Остатокот го докупи сега и за неполни 40 дена откако стана акционер  постана и најголем поединечен акционер. Според непотврдени информации Наташа Милева е вработена во „Фершпед“, но за тоа уште немаме официјална потврда. Доколку ја добиеме ќе биде објавена. 

Возбудливи акционерски односи и промени во железарската прехрана и менза „Уготур“ !!!

Во мај лани почнаа да се случуваат големи промени во акционерската структура на „Уготур“. Тогаш „Фершпед брокер“ купи 24,2 отсто од акциите во „Уготур“. Плати 101 денар за акција. Јавноста не доби објаснување за тој потег. Во ноември лани „Макпетрол“ ги продаде своите 24,37 отсто од акциите во „Уготур“ на извесно домашно физичко лице Никола Камчев. Се разбира, цената е 7 денари за акција. Во јанури влегува Наташа Милева. Купува околу 20 отсто од акциите што ги има „Технометал Вардар“ по цена од 7 денари за акција. Сега со акциите од „Фершпед брокер“ стигнува до посед врз 24,92 отсто од сите права на глас во „Уготур“. „Уготур“ пак пред неколку дена купува 24 отсто од акциите во „Технометал Вардар“ кои ги продава скопскиот адвокат Јован Јоанидис. За тоа „Уготур“ плаќа околу 83.000 евра. Јоанидис, кој е претседател на надозрниот одбор не одговори на нашето прашање зошто продал по цена од 275 денари акција што книговодствено вреди 60 евра? Само за потсетување “Технометал Вардар“  поседува околу 8.500 квадратни метри деловен простор во строгиот центар на Скопје. 
Од друга страна ја прашавме Биљана Анѓелеска извршен директор на „Уготур“ од каде најде 83.000 евра за акции кога две години (2014 и 2015) работи со загуба? Доколку добиеме одговор ќе го објавиме во целост.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?