Зошто француската полиција го приведе Саркози?
Објавено во: Свет 20 Март, 2018
Француската полиција денеска го приведе на распит поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози поради сомнение дека незаконски била финансирана неговата претседателска кампања во 2007 година.
Според информациите од АФП, истрагата се води околу сомнежите дека за време на претседателските избори во Франција во 2007 година, кампањата на Саркози била илегално финансирана од Либија.
Саркози може во притвор да помине 48 часа, пишува „Ла Монд“. Случајот против Саркози е поведен и во 2012 година, но истрага беше суспендирана.
Распитот на Саркози се спроведува неколку недели откако во врска со истата истрага во Лондон беше уапсен неговиот поранешен соработник Александар Џури. Џури подоцна беше ослободен со кауција.