Зошто импозантниот проект NBO во кој свират и Македонци извиси од Охридско лето?
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2019 09:19
Големиот проект на оркестарот No Borders Orchestra кој брои над 20 врвни
музичари од регионот, во кој свират македонски инструменталисти, а во чија
програма има и музика од македонската композиторка Дарија Андовска, годинава
нема да настапи на реномираниот фестивал Охридско лето пред македонската
публика.
Предводниците на NBO тврдат дека станува збор за непринципиелен однос од страна на организаторите на Охридско лето, па дури и личен аномизитет кон композиторката Андовска, која пак е позната по своите критички ставови кои редовно ги објавува.

„Разочарувачки е што во земја која, барем декларативно, има проевропски аспирации, односот кон проект со толкав габарит и носител на европски вредности е малодушен и безмалку маалски- фестивал кој со децении гради светско реноме, поради некоректен однос и интриги, во очите на регионалната и европската културна јавност се доведе до ниво на гранапче во приватна сопственост. За мене, како македонска композиторка, поразително е што токму дома, во Македонија, не сум пожелна, иако мојата биографија зборува доволно за тоа како сум третирана на светските сцени. Првпат и единствено во Македонија се бара од програмата да биде отстранета мојата композиција поради личен и неоснован антагонизам, што е повеќе од скандалозно“ вели Андовска.

Наташа Поповиќ, директорката на Охридско лето, за Фактор негира дека NBO нема да настапи поради личен аномозитет кон Андовска и дека не било понудено оркестарот да отсвири но, без присуство на делото на композиторката.
„Никаков анимозитет кон Дарија, која воопшто не ја ни познавам, а уште помалку беше испратена понуда од NBO за нивниот проект. Како и да е, програмата е затворена за овогодинешното фестивалско издание на Охридско лето“ одговори Поповиќ на прашањата на Фактор.

Премил Петровиќ уметничкиот директор на NBO објаснува дека преговорите со претставници на Охридско лето се воделе лично, во Скопје и во Белград со Јелена Дојчиновиќ извршниот продуцент на NBO.
Според тврдењата на Петровиќ, од Охридско лето била понудена сума од само 2000 евра која воопшто не ги покрива трошоците на целиот оркестар, организацијата и опремата кои изнесуваат по 15 илјади евра за еден настап. Затоа побарале повисока сума со силни заложби остатокот од средствата самите да ги најдат преку спонзори. Андовска, Петровиќ и другите уметници од NBO контактирале спонзори, компании и амбасади во Скопје со цел да ја комплетираат финансиската рамка, но потоа дознале дека воопшто нема да се најдат на годинешната програма на Охридско лето.
Петровиќ додава и дека еден мал камерен оркестар од четири членови на фестивалот добива далеку поголем буџет што е неспоредливо со оркестар во кој свират и Македонци да добие таква потценувачка понуда.

Андовска тврди дека штетата која овие случувања ја нанесоа е ненадоместлива.
„Проектот на NBO, кој ќе биде сниман од Deutsche Gramophon и издаден од Universal Music, кој ќе биде изведуван ширум Европа и Балканот на реномирани фестивали во рамките на турнејата, нема да биде достапен за македонската културна сцена, која тековно е во клиничка смрт. Охридско Лето на недоличен начин ја ускрати можноста и правото на Македонија на исклучително атрактивен и визионерски проект- проектот на NBO“ вели Андовска.

NBO е симфониски оркестар составен од одлични професионални музичари од Западен Балкан. Тој произлезе од желбата да се создаде регионален прекуграничен симфониски оркестар, оној кој обезбедува највисок уметнички квалитет и повикува на нов вид на комуникација. Проектот NBO лежи на две основни основи: музика и општество. Турнејата на No Borders Orchestra низ Западен Балкан која е поддржана и од МНР на Германија трае од 2018, но се уште не настапиле во Македонија.
Х.С.Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




