18 Мај, 2024
0.0308

Зошто Кумуцакос ја обвини ЕУ за хипокризија?

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија, Нова демократија, Јоргос Кумуцакос вели дека хипокризија од ЕУ е прво да ја притиска Грција за штетниот Договор од Преспа, а сега да каже не одиме напред со интегративниот процес. 

Ова тој го изјави по вчерашните заклучоци за Северна Македонија на Советот на министри на ЕУ, коментирајќи дека тоа го задира кредибилитетот на Унијата.

Како што пренесува МИА од Атина, Кумуцакос говорејќи во дебатна емисија на грчката телевизија ЕРТ, додава дека постојат држави што реагираат и не сакаат Скопје да започне пристапни преговори.

„Овде постои хипокризија, бидејќи Европската унија која ја притискаше Грција за да се постигне овој компромис – штетен според мислењето на Нова демократија и на мнозинството од грчкиот народ – толку многу притискаше за брзо да одат работите, и иако се постигна, сега вели не одиме напред со интегративниот процес и ова е едно прашање што уште еднаш го задира кредибилитетот на Унијата. Јас сум против тоа да ги издигнеме очекувањата за државите од Балканот и потоа да се појави незадоволство, бидејќи ова води кон одново појавување на национализмот и тоа е погрешно“, рече надлежниот за надворешна политика во Нова демократија.

За Договорот од Преспа и за тоа дали Нова демократија ќе го почитува, Кумуцакос рече дека одлуките од претходната влада ја обврзуваат земјата и објасни дека за Грција исто како и во односите со Турција, најважно е почитувањето на меѓународното право и меѓународните договори.

Во Луксембург беше одлучено Македонија да не добие датум за преговори и да чека до октомври. 

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?