29 Април, 2024
0.1586

Зошто „Македонијатурист“ е најтргуваната акција?

Објавено во: Економија 27 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

„Македонијатурист“ има акумулирана добивка и резерви во вредност од 30 милиони евра, многу кеш што го инвестира во парични фондови и во акции, а лани од камати имала приход што надминуваат 34 милиони денари. Компанијата со години наназад дели дивиденда. Може ли во овие факти да се бараат мотивите на инвеститорите што за една недела вложија речиси половина милион евра во акции на најголемата хотелиерска компанија

Акцијата на најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“ во изминатиов период е најтргувана акција на домашниот пазар на капитал и во периодот од 19 до 26 јули имаше промет од 27 милиони денари. Таа се тргуваше во ценовна маргина од 3.800 денари до 4.200 денари за акција. Според достапните официјални податоци во овој период со таа акција бил истргуван еден блок во кој имало 1.191 акција по цена од 3.800 денари, а другите околу 6.000 акции се истргувани во класично тргување на Официјалниот пазар.

Највисоката цена што таа акција ја постигна во овој период беше 4.200 денари, а последната цена изнесува 4.050 денари.

Зошто се купуваше акцијата на „Македонијатурист“ ?

 „Фактор“ во контекст на својата мисија за објективно информирање на инвеститорската јавност, во рамки на своите можности и достапни податоци, во најкратки црти ќе изнесе неколку значајни факти кои можат да бидат реална основа на која треба да се бараат мотивите заради кои инвеститори гледаат потенцијал и вложуваат во „Македонијатурист“:

- Книговодствената вредност на таа акција е 24 отсто повисока од последната пазарна цена;

-„Македонијатурист“ дели дивиденда на акционерите подолго од пет години наназад во континуитет;

-„Македонијатурист“ има голем и вреден недвижен имот во хотели и ресторани од кои поголем дел се во центарот на Скопје;

-„Македонијатурист“ има акумулирана добивка поголема од 17 милиони евра и резерви од 13 милиони евра;

-„Македонијатурист“ има големи суми ликвидни средства кои ги вложува во парични фондови, а во акции чува речиси 2,5 милиони евра (според извештајот на 2016 година);

-„Македонијатурист“ само лани од камати има финансиски приходи поголеми од 500.000 евра

Во оваа прилика треба да се истакнат и следниве факти заради кои и треба да се има резерва при вложувањето во акции на „Македонијатурист“:

- Компанијата во континутитет ги намалува приходите од „кор дејноста“ односно од хотелиерството и ја губи својата пазарна позиција;

- Дел од нејзините хотели не работат подолго време;

- Клучно влијание  во одлучувањето за деловните потези има најголемиот поединечен акционер и долгогодишен директор Доне Таневски кој има огромно искуство и знаење, но не регрутира  нови менаџерски сили кои би покажале визија за развој на компанијата;


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи