07 Мај, 2024
0.0274

Зошто Меланија нема да живее во Белата куќа по инаугурацијата на Трамп?

Објавено во: Свет 21 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Сопругата на новоизберениот претседател на САД Доналд Трамп, Меланија и нивниот син Барон, веројатно после инаугурацијата на Трамп и преселувањето во Белата куќа ќе останат во Њујорк, наговестува тимот на Трамп.

Сепак Трамп објаснувајќи ги наводите на медиумите, образложил дека Меланија и неговиот син ќе се преселат во Белата куќа после школската година.

Трамп на 20 јануари 2017 ќе биде инаугуриран во 45 американски претседател.

Школската година во Америка воглавно се завршува кон крајот на пролетта или почетокот на летото.

Трамп ова го изјавил бидјеќи излегло во јавноста дека неговата сопруга и син, веројатно ќе останат да живеат во Њујорк и нема веднаш да се преселат во Вашингтон.

Трампови се внимателни со префрлувањето на 10 годишниот син во друго училиште на средина на школската година, поради тоа Меланија и Трамп ќе живеат во Њујорк уште неколку месеци, откако Трамп влезе во Белата куќа.

Во медиумите денес се појави и веста дека идната прва дама на САД Меланија Трамп ја променила својата биографија, во која сега наведува дека „ги прекинала студиите“ за да и се посвети на манекенската кариера.

Новата биографија е објавена на интернет сајтот на Доналд Трамп под името „Запознајте ја идната прва дама“.

Дипломата на Меланија од дизајн и архитектура прв пат е доведена во прашање после нејзиниот говор на Републиканската национална конвенција во јули кога го плагирала говорот на Мишел Обама.

Тогаш се појавија и сведоци кои тврдеа дека ги напуштила студиите во Љубљана за да и се посвети на кариерата модел.

Неколку дена после тоа е избришан и целиот сајт www.MelaniaTrump.com а таа објаснила дека тоа е направено бидејќи не „ги одразува нејзините моментални бизниси и професионални интереси“.

Можеби ќе ве интересира

„РАЈ ЗА СУПЕРБОГАТИТЕ“: Една европска земја е позната по своите милијардери, еве што се крие зад таа приказна

„РАЈ ЗА СУПЕРБОГАТИТЕ“: Една европска земја е позната по своите милијардери, еве што се крие зад таа приказна

Поднесена групна тужба против АстраЗенека

Поднесена групна тужба против АстраЗенека

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Пет работници се задушиле во канализација додека работеле

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Пет работници се задушиле во канализација додека работеле

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?