14 Март, 2025
0.0335

Зошто некои фармацевски компании се бунат за последниот тендер за вакцините?

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2019 09:52

Добивај вести на Viber

Повисоките критериуми за вакцините, е причина зошто некои компании негодуваа на последното отворање на понудите за последната јавна набавка за вакцини, за следните две години во Македонија. Сменетите критериуми за вакцините, каде се бара поголема валентност на вакцината, предизвика реакција кај некои фармацевски компании, кои тврдеа дека нешто не е во ред со тендерот. Но, од Министерство за здравство објаснуваат дека овојпат критериумите се повисоки од минатите години и тоа за вакцината ХПВ, Рота и пнеумококната вакцина. 

”На почетокот на 2009 година, е воведена четиривалента вакцина за ХПВ, но од економски причини неколку години подоцона, некаде во 2014 година поради економски причини, иако станува збор за минимална разлика во цената, се почнува со набавка на двовалентна вакцина за ХПВ. Сега повторно е подигнат стандардот,  разликата во цена е минимална, а бенфитите секако се во прилог на граѓаните”, изјавија од Министерство за здравство. 

Компаниите кои негодуваа всушност не произведуваат четиривалентна вакцина, добавувачи се за двовалентната вакцина. Ниту пак им е регистрирана Рота вакцинината. За пнеумококната вакцина, условите се да поседува 19А серотип, што е доказ дека вакцината спречува сериозни компликации кои може да бидат фатални по пациентот. Ни тој серотип не е дел од понудата на дел од компаниите. 

”Не станува збор за ништо повеќе од тоа дека повисоките стандарди кои се бараат од вакцините во моментов дел од производителите на вакцини не ги задоволуваат, поради тоа што не ги произведуваат овие вакцини или пак не им се регистрирани”, дообјаснуваат од Министерство за здравство. 

Комисијата за набавка на вакцините ги следи препораките за зголемување на квалитетот на вакцините и тоа е процедура која ќе се следи и понатаму, а фармацевските компании ќе мора да се прилагодат на нови повисоки услови. 


Можеби ќе ве интересира

Рокас: Одржливиот туризам значително го зголемува потенцијалот за развој на земјата

Рокас: Одржливиот туризам значително го зголемува потенцијалот за развој на земјата

Рокот за пријавување на зелени и одржливи проекти за конкурсот ,,{ЗАЕДНО} до зелени идеи“ на dm истекува на 21 март

Рокот за пријавување на зелени и одржливи проекти за конкурсот ,,{ЗАЕДНО} до зелени идеи“ на dm истекува на 21 март

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Н.М. ОД ПРОБИШТИП ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 7.400.427 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Н.М. ОД ПРОБИШТИП ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 7.400.427 ДЕНАРИ

Како да внесете свежина и функционалност во просторот

Како да внесете свежина и функционалност во просторот

Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства

Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства

Посни и здрави – запознајте ги новите производи на Имлек Оаза

Посни и здрави – запознајте ги новите производи на Имлек Оаза

Зегин онлајн е најпопуларна е- продавница за убавина, нега и здравје за 2024 година

Зегин онлајн е најпопуларна е- продавница за убавина, нега и здравје за 2024 година

(ВИДЕО) Антонио Аргир во „Бизнис-клуб“: „Банкарството е еден од столбовите за стабилност на нашата држава“

(ВИДЕО) Антонио Аргир во „Бизнис-клуб“: „Банкарството е еден од столбовите за стабилност на нашата држава“

Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност – Пензионерски пакет на Халкбанк

Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност – Пензионерски пакет на Халкбанк