15 Декември, 2025
0.0394

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал обвинител кога слушнал за акцијата со мазутот

Објавено во: Македонија 12 Март, 2025 13:16

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање рече дека РКМ и Пуцко Петрол на Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, уапсените во последната акција на Биротот за јавна безбедност, го загрозиле правото на живот на граѓаните со увезениот мазот со сомнително потекло во периодот од 2021 до 2023.

- Јас не би ги коментирал одлуките, но можам да кажам дека овие луѓе кои правеле стотици милиони евра бизнис се богателе на грбот на македонските граѓани со тоа што согорувале таков тип недозволиви материи и го уништувале единственото право на живот на сите граѓани

Јас тука немам што да додадам, секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Мора еднаш за секогаш да владее правото и правната држава. Ги охрабрувам овие акции во насока на борба на организираниот криминал,рече Мицкоски.

Премиерот очекува бизнисмените да бидат обвинети, а за тоа што содржел самиот мазут додаде дека ќе покаже понатамошната истрага. Мицкоски меѓудругото рече дека е шокиран од соработката со обвинителот, без да каже дали тоа е Ислам Абази, кој е на чело на Обвинителството за организиран криминал и корупција, кој во јавноста е дискредитиран како куќен пријател на лидерот на ДУи, Али Ахмети. од таму произлегува сомнежот зошто на Капушевски му е одреден притвор, а на Јахоски само домашен притвор.

- За мене се алармантни информациите поврзани со прв човек на едно Обвинителство кога слушнал за акцијата. Шокиран сум како се однесувал и како продолжува да се однесува. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, местото им е во големите хациенди изградени во западна Македонија. Мислам дека многу скоро ќе се кае но тогаш ќе биде доцна,истакна Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите