26 Април, 2024
0.0329

Зошто падна потрошувачката на гас во Македонија?

Објавено во: Економија 12 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Прилично поволните зимски температури во 2018 може да се каже дека се главниот фактор за намалената потрошувачка на природен гас на годишно ниво во Македонија, што може да се заклучи според потребата за истиот од гасните електрани како ТЕ-ТО, АД ЕЛЕМ Енергетика и Когел, кои заедно се најголемите потрошувачи. Но и реалниот индустриски сектор не се претргнал да се зголеми потребата за овој ресурс.

Овие три когенеративни постројки, кои од гас прават струја и топлина за загревање, потрошиле 172 милиони метри кубни и учествуваат со 68 отсто во структурата на потрошувачи, иако нивните потреби споредбено со потрошувачката во 2017-та се намалени за 17 милиони м3. Само потрошувачката на ТЕ-ТО во 2017 година изнесуваше 175 милиони..

Од податоците доставени од страна на АД ГА-МА како носител на лиценците за пренос и управување со системот за пренос на природен гас, вкупните пренесени количини на природен гас во текот на 2018 година на ниво на Македонија изнесуваат 253 милиони кубни. Во 2018 година има за 7,8 отсто помалку пренесени количини на природен гас споредено со 2017 година, која до сега важи за рекордна година во потрошувачката.

Намалена е и потрошувачката на гас и кај топланите БЕГ и Скопје Север од 32,5 милиони на 22,7 милиони кубни метри. Овие производители на топлинска енергија се исто така големи учесници во структурата на потрошувачката на природен гас со 11,35 проценти.

Може да се заклучи дека има зголемување на потрошувачката на гас кај дистрибутивните системи како странските инвеститори како корисници во трговско-индустриските зони и клиентите на претпријатијата во Струмица и Куманово, но нивното учество во потрошувачката структура се уште е мошне мала. Инвеститорите во ТИРЗ-овите потрошиле 4,7 милиони м3, односно за 500.000 повеќе од една година претходно, а исто така и Струмица Гас бележи значителен напредок за повеќе од 90.000 продадени м3.

Металургијата предводена од Макстил, Арцелор Митал, ФЗЦ 11 Октомври е со потрошени околу 27 милиони и тука нема позначајна промена, ако не и помала. Во индустријата каде што обично доминираат потрошувачите како Жито Лукс, Пивара Скопје, Алкалоид, Европа и други, потрошени се 16 милиони м3 и може да се каже дека тука најверојатно има зголемување. Клинички Центар и ГОБ „8 Септември“ бележат намалување од 4,3 на 3,7 милиони. Училиштата и другите образовни центри во Македонија во користењето на овој начин на енергија учествуваат со околу еден отсто.

Гасот во Македонија го користат и операторот ГА МА за свои потреби, производителите на градежни материјали, фабрики за кондиторски производи, фурни, Министерството за одбрана, ЈСП Скопје, ТАВ Македонија, помали индустриски капацитети и други.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката