26 Април, 2024
0.0314

Зошто паѓа продажбата на „Усје“?

Објавено во: Економија 21 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

„Усје“ по „Гранит“ е втора голема компанија од градежниот комплекс која бележи пад на продажбите на домашниот пазар. Дали има негативна тенденција во градежниот комплекс или тоа е само заради кварталот кој и не е омилениот период за градежни активности? Ќе покаже следниот квартал. Како и да е „Усје“ има оперативни трошоци кои се поголеми од неговите приходи од продажба. Неговата добивка за првиот квартал е над 1,5 милиони евра

Скопската цементарница „Усје“ во првите три месеци годинава книжи помали приходи во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на оваа голема домашна компанија. „Усје“ по „Гранит“ е втора голема компанија во чии биланси се видливи индикатори на пад на градежната активност во земјава. 

Имено, продажбата на домашниот пазар за првите три месеци годинава изнесува 428,5 милиони денари што е за 15 отсто послабо отколку во истиот период лани кога „Усје“ на домашниот пазар продал цемент, усјемал и други градежни материјали во вредност од 503 милиони денари.

Слична е тенденцијата и со продажбите на странски пазари. Имено за првите три месеци годинава извозот на стоки на „Усје“ е 194,46 милиони денари што е за 12 отсто односно 27 милиони денари послабо од истиот период лани. Сепак падот на продажбата на „Усје“ е многу значајно поизразен на домашниот пазар. 

Од билансите на „Усје“ се гледа дека компанијата значајно ги зголемила залихите во првиот квартал оваа година. „Усје“ годинава ја почнал со вредност на залиха од 69 милиони денари, а сега таа изнесува 179,3 милиони денари што значи дека пораснала за три месеци за 110 милиони денари. Според официјалните податоци залихите на „Усје“ пораснале за 188 отсто во споредба со состојабата со истиот период лани.

 Кога се гледа состојбата на вкупните приходи кај „Усје“ очигледно е дека компанијата има значаен пад на вкупните приходи . Годинава тие изнесуваат 645,7 милиони денари и се 14 отсто пониски од истите во првиот квартал лани.

Оперативните расходи пораснале за 93 милиони денари иако продажбата паднала 98,5 милиони денари

Оперативните расходи на „Усје“ за првиот квартал изнесуваат 655,8 милиони денари и се повисоки за 17 отсто од лани. Значајно да се истакне е тоа што за овој период тие се повисоки од целиот приход од продажба. Најголем скок има кај ставката набавна вредност на трговски стоки која сега изнесува 2 милиони евра, а лани во истиот период била 1,1 милиони евра. Скок на трошоците има и кај најголемата поединечна ставка  трошоците за суровини и материјали и растот е 42 милиони денари, а нивото е 302 милиони денари. Кај другите расходни ставки нема значајни отстапувања годинава во споредба со истиот период лани.

Оперативната добивка е 100 милиони денари и бележи пад за 15 отсто во однос на истиот период лани. Нето добивката по одбиток на данокот изнесува 95 милиони денари и во споредба со истиот период лани е пониска за 14 отсто.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека