20 Декември, 2025
0.0601

Зошто понеделниците стануваат црни?

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2013 10:43

Добивај вести на Viber

" Црн понеделник" или " црн петок " - ова не се само убави клишеа кои сакаат да ги користат економистите. Економската историја може , ако не да спречи нова криза , барем да ги минимизира нејзините последици. Црните денови во неделата се проучуваат благодарение на драматичните одбивања и колапси. " Црн петок " Првиот ден од неделата , кој беше украсен во црна боја од економски причини, е петок 24 септември 1869 . Стартувањата на механизмот на кризата е активиран од американската каса , која почнува да продава злато. Курсот на металот опаѓа со 30% . Впрочем службениците немале друг излез . Неколку недели пред " црниот петок" директори на железничката компанија Erie Railroad, Џеј Гулд и Џејмс Фиск почнуваат да купуваат злато , потпирајќи се на тоа дека вкупниот раст на цените на пазарот ќе доведе и до пораст на цената на житото , а следствено на тоа и зголемување на побарувачката на транспорт за тоа жито. Гулд за аферата потрошил околу 7 милиони долари , во првиот ден тоа поскапело за 40% . На крајот на септември цената веќе му се зголемила за 65% . Колапсот за долго време го поткопувал кредибилитетот на Њујоршката берза . " Црн понеделник" Најпознатиот " црн понеделник" се случува на 19 октомври 1987 , кога дневниот колапс на пазарот го достигнува историскиот максимум. Индустрискиот индекс Dow Jones се намаил речиси за една четвртина - со 22,6 % , а вкупните загуби достигнуваат над 1 трилион долари. Кризата брзо се пренесува и во други земји - Австралија , Велика Британија , Канада и Хонг Конг . Овој ден беше обоен во црна боја не само од инвеститорите , кои изгубиле пари , но и од економистите , верници пред тоа во рационалното однесување на учесниците на пазарот. Видливи причини за падот на пазарите во овој ден немаше . Научниците до ден - денешен не можат да објаснат , зошто се случил овој крах. Едно од најпопуларните објаснувања било - грешка во компјутерската програма . " Црн вторник" " Црниот вторник" исто така се случил во октомври , но неколку децении порано . Станува збор за вторник 29 октомври 1929 - денот кога светот беше зафатен од Големата депресија. Индексот Dow Jones падна за 23% , економијата на САД загуби 100 милијарди долари и за десет години се потопи во криза . Впрочем " црните денови " секогаш значат пад за економијата. На пример, " црниот " петок во САД - ова е еден од најдобрите денови за американските трговци. Така се нарекува првиот петок по Денот на благодарноста , со кој почнува традиционалната сезона на Божиќните распродажби. Извор БГНЕС

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии