26 Април, 2024
0.0284

Зошто Регулаторната комисија за енергетика ги „закла“ МЕПСО и Електродистрибуција?

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Електродистрибуција лани имаше загуба од речиси 40 милиони евра затоа што мораше да купува струја по берзански цени. Регулаторот и одобри зголемување на тарифата од 20 отсто со алиби дека тоа што мора да го купи ќе го добие по багателна, а не по берзанска цена, од ЕСМ. Истото алиби важи и за МЕПСО кој не доби никакво зголемување на преносната тарифа. Дали ќе може ЕСМ да снабди 100 отсто од потребите на малите потрошувачи, домаќинствата, а при тоа и да обезбеди струја за техничките загуби на МЕПСО и на Електродистрибуција?

„Електродистрибуција“ и МЕПСО, операторите на системите за дистрибуција и пренос на електрична енергија, се најголемите губитници од денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Државниот природен монопол МЕПСО не доби зголемување на преносната тарифа, а бараше покачување од речиси 70 отсто. Приватната „Електродиструција“ фирма ќерка на ЕВН Македонија, доби само 20 отсто зголемување на тарифата за дистрибуција на електрична енергија иако побара покачување на цената на регулираната услуга од 80 отсто.

МЕПСО побара од РКЕ да му одобри да ги зголеми приходите за 28,6 милиони евра и да добие приходи од 68 милиони евра. Со други зборови МЕПСО бараше неговата тарифа да поскапи 70 отсто. РКЕ го одби тоа барање и дури му ја намали за нијанса преносната тарифа што како регулиран приход ја добива МЕПСО сега за секој пренесен киловатчас електрична енергија. МЕПСО од РКЕ доби максимални 40 милиони евра да го покрие своето работење. 

Својата одлука РКЕ ја темели на тоа што ЕСМ вети дека ќе обезбеди струја потребна за покривање на техничката загуба на преносната мрежа по цена која ќе биде далеку пониска од сегашните цени на берзите за струја. Освен регулираниот приход МЕПСО е во покомотна ситуација од Електродистрибуција и затоа што има приходи од закуп на капацитети за пренос на струја кои трговците ги плаќаат за транзит на електрична енергија низ преносната мрежа.

Електродистрибуција е во многу полоша состојба од МЕПСО затоа што нема дополнителни приходи освен тие што ги добива од регулираната дистрибутивна тарифа. За годинава тие бараа од РКЕ да им одобри максимален приход од 330 милиони евра. Регулаторот им одобри 238 милиони евра, што е за 92 милиони евра помалку од тоа што го бараат. „Фактор“ побара коментар од ЕВН Македонија на одлуката на РКЕ и доколку го добиеме нивниот став ќе го објавиме во целост.

Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме од РК доби одобрување на максимален регулиран приход од 297,5 милиони евра. На оваа компанија, која има задача да ги снабди сите домаќинства и мали потрошувачи, струјата треба да и ја обезбеди ЕСМ по цена од 48 евра за мегаватчас односно неполни 3 денари за еден киловатчас струја. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра