26 Април, 2024
0.6569

Зошто САД ја прогласи „петро“ криптовалутата за нафта од Венецуела за измама?

Објавено во: Економија 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Белата куќа предводена од претседателот Трамп издаде забрана за било кој државјанин на САД и било која компанија да има економски релации за нафтената криптовалута „петро“ која ја издаде владата на Венецуела под изговор дека станува збор за измама кон меѓународните инвеститори.

САД забранија било какво вложување, тргување и финансирање на криптовалути, токени и дигитални монети издадени од венецуелската влада од 9 јануари годинава, се со цел да се спречи напредокот на власта на автократот Никола Мадуро кој применува многу екстремни мерки за да остане на власт.

Венецуела е една од најбогатите земји со нафта во Латинска Америка, но постојано се соочува со судири со САД поради социјалистичкото уредување и национализацијата на најуспешните компании од кои не се откажува ниту Мадуро.

Во Венецуела имаше жестоки протести на опозицијата поради влошената економска состојба по санкциите и пропаста на државната финансиска политика што ја зголеми невработеноста, сиромаштијата и трговијата во земјата.

САД велат дека со тргување со криптовалутата „петро“ и се дава легитимитет на венецуелската диктатура, додека пак претседателот Мадуро тврди дека тоа е автономно право за продажба на нафтата и борба со американскиот петро-долар.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра