04 Мај, 2024
0.0270

Сопственикот на „Брилијант“ ги продава акциите од Фершпед!

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Мите Николов, сопственик на „Брилијант“ (компанија која сега се соочува со проблеми во работењето, имено еден дел од рафинеријата е затворен и се отпуштени околу 30 вработени од тој дел. Причината, според раководството е високата цена на суровото масло на берзата, што пак е причина за економска неисплатливост .Кога ќе се створат услови за поволна цена на суровото маслона берзата повторно ќе ги вратиме на работа, велат од менаџментот за Фактор) и близок роднина на Накови во една година продаде четвртина од своите акции во „Фершпед“. Во првата блок трансакција продаде 450 акции по 128.000 денари за акција, купувач беше „Макошпед“. Сега продаде 109 акции по 40.000 денари. Зошто?

Скопската компанија „Супер Х трејд“ во два наврати продаде вкупно 589 акции со право на глас во скопски „Фершпед“ и со тоа во период од една година го намали своето учество во акционерската структура за 2,25 отсто од 10,01 отсто на 6,76 отсто.

Компанијата „Супер Х трејд“ е наследник на фирмата „АВТ Консалтинг“ која беше сопственик на „Брилијант“ штипската компанија за производство на масло за јадење која пак е сопственост на познатиот штипски бизнисмен Мите Николов и роднина на Накови, најголемите поединечни акционери во „Фершпед“.

Токму втората продажба на акции во „Фершпед“ на фирмата во која Николов го има главниот збор отвара дилеми во инвестициската јавност.

Има две неофицијални верзии за развојот на настаните во акционерската структура на „Фершпед“ од кои првата е многу поверојатна од втората верзија. Имено многумина продавањето акции на „Супер Х трејд“ го толкуваат како очекуван потег во кој Николов своевремено купувајќи акции во „Фершпед“ всушност му помогнал на својот роднина да ја одржи надмоќта во акционерската структура на „Ферпшед“ и сега доаѓа времето кога низ легитимни и легални процеси се порамнуваат сметките, а управувачките права контролирано се прелеваат во сигурни раце.

 Втората и помалку веројатна, но подраматична  шпекулација е дека Николов сфатил дека „Фепшпед“ не бизнис за него и дека започнал да реализира излезна стратегија во која ќе ги продаде акциите и со парите ќе продолжи да инвестира во други бизниси. Малкумина кои ја поддржуваат оваа шпекулација на ова гледаат како место на кое се раскрстуваат патиштата на роднините Николови и Накови. Толку за шпекулациите, сега да видиме што покажува фактографијата:

Факт е дека преименуваната „АВТ Консалтинг“ во „Супер Х трејд“ за период од речиси една година продаде во две блок трансакции вкупно 589 акции со право на глас во „Фершпед“. Во првата блок трансакција на 21 декември 2015 година беа продадени 450 акции со право на глас во „Фершпед“. Купувач беше „Макошпед“ кој за секоја акција плати по 128.000 денари. 

Втората блок трансакција се случи на 29 декември лани (пред десетина дена) кога „Супер Х трејд“ продаде 139 акции по цена од 40.000 денари за акција. Ова е најниската цена за блок трансакција со акции на „Фершпед“ во последниов период.

По кои цени фирмата на Николов купуваше акции во „Фершпед“

Од јавно достапните податоци за кои со сигурност може да потврдиме дека купувач во блок трансакции се „Супер Х трејд“ односно претходникот „АВТ Консалтинг“ за акциите на „Фершпед“ се постигнати следниве цени:

на 29 декември 2014 година се платени по 121.000 денари за акција и тогаш се купени 620 акции со право на глас. Кратко потоа на 26 јануари 2015 година АВТ Консалтинг купува уште 396 акции со право на глас по значително пониска цена од 57.450 денари за акција. Со таа трансакција фирмата на „Брилијант“ официјално влегува во клубот на големи акционери во „Фершпед“ и достигнува до 9,4 отсто од акциите со право на глас во групацијата. Пикот фирмите на Николов го достигнуваат со блок трансакцијата на 27 мај 2015 година кога „АВТ Консалтинг“ докупува 109 акции по единечна цена од 48.000 денари за акција и стигнува до 10,01 отсто од сите акции во „Фершпед“. Во сите трансакции фирмите на Николов платиле повеќе од тоа што го добиле при последната продажба кога дадоа 139 акции по цена од 40.000 денари за акција. 

По последната продажба на крајот на старата година „Супер Х трејд“ се сведе на 6,76 отсто од акциите и сега е во ранг на четвртиот по големина акционер инвестицискиот фонд „Алпен“ кој поседува 6,69 отсто од акциите со право на глас. Најголеми акционери остануваат браќата Накови од кои Драган поседува 11,83 отсто, а Сашо 11,04 отсто. Во групата големи акционери се уште: скопската кондиторска индустрија „Европа“ со 5,61 отсто и поранешниот директор Драгослав Димевски кој поседува 5 отсто од акциите.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?