29 Април, 2024
0.2248

Зошто ТТК Банка направи скок со престап?

Објавено во: Економија 15 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Најмалата банка, која лани супер ги израдува своите акционери со поделба на солидна дивиденда, годинава стартуваше со загуба. Резултатот е комбинација на значаен пад на нето приходи од надоместоци и провизии, проследен со зголемен трошок за камати кој предизвика пад на нето приходот од камати. Дури и значајниот пад на трошокот за резервации не помогна и банката првиот квартал го затвори со загуба од 17,1 милиони денари. Но и не е така црно, истиот период загубата беше безмалку двојно поголема!

ТТК Банка за првиот квартал годинава книжи загуба од 17,1 милиони денари, покажува билансот на успех што го објави банката деновиве. Негативата ја имаше и лани истиот период и таа беше дури и безмалку двојно поголема. Во првите три месеци годинава загубата пред се е резултат на значајниот пад во приходите од провизии и надоместоци во комбинација со зголемените расходи за камати и намалениот нето прилив од камати. Дополнително влијаеше и благиот раст на трошоците во три значајни ставки: трошокот за вработени, амортизација и останатите расходи од дејноста.

Нето приходот од камати 1 милион евра

Најмалата банка во првите три месеци годинава има нето приход од камати во износ од 61,36 милиони денари и тој е понизок за 5,3 милиони денари односно 8 отсто во однос на истиот период лани. Вкупните приходи од камати изнесуваат 80 милиони денари и се речиси идентични со истиот период лани, поточно се пониски за 1,5 милиони денари што е пад за само 1,8 отсто. Расходите за камати бележат раст и тоа за 16,6 отсто во однос на лни. Тие за првиот квартал се 18,6 милиони денари и се за 3,7 милиони денари поголеми од лани. Во недостиг на податоци за верификација, овој параметар отвара дилема за причините заради кои расте трошокот за камати. Дали банката се задолжила со поскапи пари на меѓубанкарскиот пазар? Ако е така зошто поскапело задолжувањето за банката? Или е друга причината за зголемувањето на кредитните расходи? Дали банката нуди повисоки камати за депозити и орочени штедни влогови? Во образложението дадено во прилог на извештајот нема објаснување за ова. Иако е пожелно да се даде објаснување за овој факт. 

Клучен пад има кај приходите од надоместоци и од провизии. Тие за првите три месеци годинава се 29,8 милиони денари на нето основа и се за 8,1 милиони денари пониски од лани, што значи пад од 21,4 отсто. Се гледа дека нема промена кај расходите за оваа дејност, но има пад од 7 милиони денари кај приходите на банката од провизии и надоместоци. Менаџментот на банката во образложението пишува дека планот од оваа дејност е остварен со 101,6 отсто што значи дека тие го предвиделе падот. Што кажува тоа за нивната пазарна позиција? Добро или лошо? Нема коментар, времето ќе покаже. Но тие се навикнати да се борат со поголемите банки.

Подобро кај резервациите за кредити и кај продажбите на нефинансиски средства

Податоците покажуваат дека банката успеала да ги намали своите трошоци кои се предизвикани од загуба заради оштетување на нефинансиски средства што во суштина се недвижности и движни предмети и опрема кои се даваат како гаранција за кредити. Во првите три месеци загубата заради намалена вредност на тие средства е 21,25 милиони денари и таа е пониска за 4,2 милиони денари од трошокот што за истата работа го имале лани. Тоа значи дека веројатно на време и под добри цени успеале да продадат средства кои ако ги чувале ќе требало да им ја намалат вредноста. Значајно намалување има и на резервациите за кредитни пласмани во споредба со истиот период лани. Годинава за тие обврски банката резервирала 12,65 милиони денари, а лани 45,78 милиони денари. Ова може да е показател за квалитетот на обемот и на квалитетот на кредитното портфолио.

Повеќе за ТТК Банка може да прочитате на следниот линк http://faktor.mk/kako-malechkata-banka-gi-napravi-golemite-pari


Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа