26 Април, 2024
0.0314

Зошто Владата вложи 1 милион евра во акции на МЕР?

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Владата вложи над 1 милион евра во акции на државната компанија МЕР што треба да стопанисува со националниот гасоводен систем откако тој ќе биде изграден. МЕР во јавноста стана позната по тоа што во 2016 година ги зголеми бруто платите на своите вработени за 40 отсто во услови кога нема приходи од дејноста, а парите што влегуваат како приходи се книжат како донација од Владата

Владата вложи 1,039 милиони евра во 10.390 акции со право на глас во државната компанија Македонски енергетски ресурси (МЕР). Докапитализацијтата е реализирана со петта емисија на акции во која сите акции во приватна понуда ги откупи Владата. Според најновите официјални податоци достапни на веб страницата на Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) МЕР е акционерско друштво со вкупно 15.176 акции. Ова значи дека пред уписот на акциите од петтата емисија МЕР имал 4.786 акции и дека со последниот процес неговиот акционерски капитал е зголемен за повеќе од два пати. Регистрацијата на новите акции во ЦДХВ е извршена на 24 јануари годинава.

„Фактор“ достави прашања до Владата во кои прашуваме која е причина за последната докапитализација односно за зголемување на акционерскиот капитал и дали всушност станува збор за конверзија на долг во влог. Доколку добиеме одговори ќе бидат објавени во целост.

МЕР – државната фирма во која бруто платите за една година пораснале 46 отсто!

Бруто платите и надоместоците на вработените во државната компанија за стопанисување со гасоводот  „Македонски енергетски ресурси„ (МЕР) во 2016 година пораснале за 46 отсто, пишува во финансискиот извештај на независниот ревизор. Покачувањето на бруто платата за 46 отсто доаѓа во годината во која акумулираната загуба на таа фирма стана поголема односно го изеде основачкиот капитал. Според официјалните податоци акумулираната загуба на крајот на 2016 година достигна 31,56 милиони денари, а акционерската главнина е 29,4 милиони денари. 

Што работи МЕР?

Според податоците од извештајот МЕР е инвеститор, со поддршка на Владата, и гради гасоводни делници за магистралниот гасоводен систем во земјава. Компанијата го гради магистралниот гасовод од кумановско Клечовце (блок станица 5 и гасовод кон Штип и краци кон Неготино и Битола. Овој голем проект за гасификација на земјава е финансира со донации од Владата, со кредит од германските Дојче банк и Ерсте банк како и со средства од акредитив со Руската федерација со кој се компензира стар долг на руски фирми спрема Република Македонија. Според извештајот до крајот на 2016 година се вложени 3,4 милијарди денари во делницата на гасоводот Клечовце – блок станица 5 и тие се обезбедени од акредитивот со Руската федерација. Владата донирала околу 837 милиони денари во проектот Клечовце блок станица 5 наменети за сервисирање на обврски кон добавувачи.

За новите проекти кон Штип, Неготино и Битола како и за гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар се наменети 90 милиони евра од двете германски банки. Според извештајот лани од тие средства биле финансирани активности во вредност од 1,4 милијарди денари односно 22,77 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија