Зошто Заев и Пендаровски летаа со редовни линии?
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019
Шефот на државата, Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев летале со редовни линии затоа што владиниот авион бил на сервис.
Пендаровски минатата недела замина на средби во Брисел со редовна авионска линија.
Премиерот во саботата од Виена се врати како патник во економска класа со комерцијален лет.
Тие минатата недела на своите профили на социјалните мрежи објавија слики како седат во економска класа во комерцијални авиокомпании.