Добивај вести на Viber
Договор за дистрибуција на смартфоните на „ZTE“ потпишаа компаниите „ASBISc Enterprises PLC“и „ZTE“. Според договорот смартфоните ќе се дистрибуираат во осум земји: Македонија, Србија, Полска, Романија, БиХ, Бугарија, Хрватска и Словенија.
Директната продажба ќе се врши преку продажните места на „ASBIS“ ќе започне со „Blade V“, „G“ и „Blade Grand S Flex“, а овие модели ќе бидат достапни во последниот квартал од оваа година.
Крис Едвард,директорот за маркетинг и развој за Европскиот пазар на „ZTE Corporation“ смета дека „„ZTE“ е еден од најпопуларните производители на мобилни телефони во Источна Европа со моделите „ZTE Grand“, „Blade“ и „Kis“, кои се достапни во целиот регион. И додава дека со ова партнерство „ZTE“ се обврзува на своите купувачи да им испорача уреди со висок квалитет и пристапни цени“.
„ZTE“ секторот за мобилни уреди е само една од дивизиите на компанијата „ZTE“, која се занимава со глобална телекомуникациска опрема, мрежи и мобилни уреди, а е со седиште во Шенџен во Кина.