14 Мај, 2024
0.0274

Во 14 часот почнува третата Skopje Vinyl Convention

ЗВУЦИ ОД ВИНИЛ ДЕНЕСКА ВО МКЦ

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во минатото школските клупи и градскиот асфалт беа место за размена на плочи. Денес тоа место ќе биде МКЦ. Со почеток во 14 часот, љубителите на грамофонски плочи ќе го означат почетокот на третата винил- конвенција кај нас - „Skopje Vinyl Convention“.

На програмата се сетови од 60 диџеи, кои на 4 сцени ќе ги забавуваат посетителите со музика од винилни изданија. Пасионираните љубители велат ќе дојдат и пред официјалниот почеток, како би можеле да „ископаат“ некоја уникатна плоча од триесетината плочари, колекциониери и дилери, пред некој друг да им ја купи.

Организаторите, „Фанки фреш“ најавуваат и панел дискусии, промоции, филмови, а за најмалите ќе биде обезбеден специјален дел за дружење и игра. Обезбеден е и посебен дел со храна и пијалаци, а влезот за настанот кој ќе трае до раните утрински часови е бесплатен.

„Ги покануваме сите љубители на винилот и на добриот звук да ни се придружат денес во МКЦ. Оваа година имаме повеќе изложувачи и дилери од претходните, но имаме и одлична програма, буквално за сите“, вели Гоце Трпков (DJ Goce) еден од организаторите на конвенцијата.

Во рамки на конвенцијата ќе се одржи и настанот „Историја на Македонската винил продукција“, во рамки на која со музичка програма ќе настапат ПМГ Колектив, после што ќе има дискусија на темата, а ќе биде прикажан и музичкиот документарен филм „103 Љубовно писмо до алтернативната култура“.

Музичкиот дел на настанот ќе го збогатат двократниот светски шампион DJ Woody од Велика Британија, како и легендата од Хамбург- Mirko Machine (Германија) и Naughty NMX (Германија).

Деталната програма може да се најде на официјалните Facebook и Instagram профили на Skopje Vinyl Convention.

Можеби ќе ве интересира

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Празничен продолжен викенд во Крушево

Празничен продолжен викенд во Крушево

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава