08 Мај, 2024
0.0242

АНКЕТА: Данците први, Бугарите и Унгарците последни; Како се живее во Унијата?

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Бугарите и Унгарците се најмногу незадоволни од животот во Европската Унија,  содека најзадоволни и најсреќни се Данците, покажуваат резултатите од истражување на квалитетот на живот, кои денеска беа објавени од страна на Европската фондација за подобрување на условите за живот и работа (Eurofound). Студијата дава генералната слика на животот на граѓаните во Унијата во изминатите пет години на економска криза. Анкетата ги опфаќа 27-те земји-членки на ЕУ,  како и седумте земји кандидати за членство. За последните седум меѓу кои и Македонија заедно со Хрватска, Исланд, Црна Гора, Косово,Србија и Турција, анкетата се работеше од мај до јули годинава, а резултатите дополнително ќе бидат објавени, стои во соопштението од „Eurofound“. Просечното ниво на задоволство од животот на европските граѓани е 7,1 на скала од 1 до 10, соопштуваат од агенцијата. Најнезадоволни се луѓето на возраст меѓу 50 и 64 години, како и невработените, самохраните родители и луѓето кои поради некакви причини не се во можност да работат. Нивото на оптимизам и среќа е намалено за повеќе од 20 проценти во некои земји од Европската унија, а повеќе од една третина од луѓето се загрижени од влошувањето на финансиската ситуација во изминатите пет години. Во споредба со последното истражување во 2007 година кога повеќето луѓе кои имале добри приходи и квалитетни домови, сега тие се борат против невработеноста, задолженоста и општата несигурност, а нивниот пристап до услуги е тежок, истакнуваат од „Eurofound“. Довербата во јавните институции, владата и парламентот, исто така доста се намалени во Европската Унија. Најголемо намалување на оваа доверба има во земјите со најмногу економски проблеми, како Шпанија и Грција. Еве како изгледа графичкиот приказ на жителите од 27-те земји членки на Унијата. Анкетата е спроведена над 35 5о0 испитаници во 27 земји.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување