08 Мај, 2024
0.0259

БАЛКАНОТ СОЗДАВА ЦВРСТА ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА – Коморите од регионот во Трст отворија канцеларија на постојниот секретаријат на КИФ

Објавено во: Економија 12 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во рамки на денешното одржување на 4-тиот Самит на Западен Балкан во Трст, на кој владините претставници од ЕУ и Западен Балкан ги дефинираат стратегиите и програмите во насока на забрзување на растот и интеграцијата во регионот, коморите го заокружуваат своето делување со отворање на канцеларијата на Постојниот секретаријат на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на Западен Балкан, во кој покрај Стопанската комора на Македонија, основачи се и коморите на Албанија, БиХ, Србија, Косово, ЦрнаГора, Хрватска и Словенија.

Регионалната економска интеграција во Западен Балкан ќе му помогне на приватниот сектор во искористување на пристапот до економиите со обем од 18 милиони жители и насочување на моделот на раст кон надградба на човечкиот капитал, инвестиции во инфраструктурата и дигитализација на нејзините економии. Иако процесот на пристапување во ЕУ помогна во поголема хармонизација меѓу економиите преку усогласување на нивните правни и институционални системи со оние во ЕУ, а со ЦЕФТА договорот се овозможи тарифите и квотите за трговија со индустриски и земјоделски производи да бидат елиминирани и со тоа да се постигне напредок во олеснувањето на трговијата, сега концентрацијата е насочена во иницијативи за отстранување на пречките за мобилност на високо квалификувана работна сила, како и спроведување на агендата за поврзување (Connectivity Agenda), преку интегрирање на транспортните и енергетските системи во регионот и во ЕУ.

Самитот во Трст резултира со развој на регионална економска област, како што е предвидено преку повеќегодишен акционен план да се спроведуваат низа интервенции и активности во четири компоненти: трговија, инвестиции, мобилност и дигитална агенда. Главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, кои ќе станат дел од повеќе годишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан ќе биде канцеларијата на постојниот секретаријат на КИФ во Трст.

На отворањето на канцеларијата, покрај претставниците од коморите и деловната заедница од регионот и од Италија, присуствуваа и ЕУ комесарот за проширување Јоханес Хан, претседателот на Стопанската комора на Венеција Џулија г-дин Антонио Паолети, г-ѓа Дебора Серачиани, претседател на регионот Фриули Венеција Џулија, како и  проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и м-р Крешник Бектеши, министер за економија во Владата на РМ.

На свеченоста по повод отвoрањето на канцеларијата беа организирани панел дискусии, во рамки на кои беше констатирано дека Коморскиот Инвестициски форум преку својот постојан секретаријат ќе ги насочи своите активности кон:

1.  Застапување за создавање на ефективни институционални и политички структури на највисоко ниво од страна на владите на ЗБ за поддршка и овозможување на имплементација на регионалната економска област кои треба да воспостават рамка за соработка со деловната заедница за подобрување на јавно приватниот дијалог како алатка за успешно спроведување на сите мерки насочени кон подобра регионална соработка, што ќе биде претставено преку КИФ како единствено регионално тело кое ја претставува целата деловна заедница во регионот.

2.  Застапување на слободното движење на стоки / услуги во целиот регион за намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на стоките и услугите на глобалниот пазар. Во таа насока потребно е сите царински постапки да бидат јавно достапни на веб-страниците на царинските испостави низ целиот регион и со тоа да бидат транспарентни, достапни и предвидливи. Да се постигне унифицирање на сите царински декларации, процедури (исто така овозможувајќи целосна кумулација на потекло и враќање на давачките) и стандардизација на сите инспекции, вклучувајќи санитарни, фитосанитарни, ветеринарни и др., на регионално ниво во согласност со стандардите на ЕУ, така што секоја земја ќе ги признае истите гранични декларации, документација за одреден тип на производи од сертифицирани лаборатории, агенции, итн. Дизајнирање и имплементација на регионален ИТ систем за поврзување на сите царини во регионот за поддршка на хармонизирана и усогласена регионална царинска документација и постапки за инспекција со цел да резултира со минимално време на чекање на границите (проценка е дека оптимално време камионот да ја поминува границата треба да биде 7,5 минути). Проверката на документацијата и стоката треба да биде на првата граница на регионалната економска област на ЗБ, како што работи во ЕУ. Неопходно е елиминирање на сите нетарифни бариери во целиот регион како и либерализација на трговијата со услуги, особено во областа на финансиите, осигурувањето, транспортот (на пример, дозволи за патниот транспорт), туризмот; либерализација на електронската трговија, либерализација во прекуграничен пренос на податоци итн.

3.  Застапување на слободно движење на луѓето од регионот да патуваат, работат и студираат во рамките на регионот без дополнителна документација и премногу административни процедури. Ова би му овозможило на заедничкиот пазар на труд  до одредена мера да ги реши проблемите со невработеноста во регионот (високи стапки на невработеност во ЗБ со тоа што најниската е 15% во Србија и Албанија, а највисоката е 32.5% во Косово) и да се направи чекор кон спречување на одлив на мозоци од регионот (сите земји во регионот имаат ниска стапка на задржување на талентите во земјата) и би отворило повеќе можности во регионот. За да се постигне оваа цел потребно е да се овозможи  склучување мултилатерални договори за социјално осигурување и пензиски фондови кои ќе бидат признаени во одредени сектори, отстранување на пречките за мобилност на студентите, научниците и академиците во регионот за да се овозможи пренос на знаење, укинување на барањето виза за туристите кои го посетуваат регионот како и изготвување на регионална стратегија за хармонизација на образовниот систем со предвидените потреби на пазарот на трудот.

4.   Повик за заедничка стратегија за дигитална трансформацијакоја ќе придонесе за економски раст, создавање на работни места и подобра конкурентност и деловен просперитет на регионот и ќе доведе до обемни промени во традиционалните индустрии (автомобилска индустрија, електронска индустрија).

5.  Повик за заедничка регионална енергетска стратегија особено во областа на производството на електрична енергија/трговијата со електрична енергија што може да го направи регионот поодржлив, а со тоа и енергијата ќе биде пообезбедена со оглед на тоа дека ќе се потпира на сопствени ресурси.

6.  Заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање со здружување на фондовите и напорите во презентирањето на инвестицискиот потенцијал на регионот, како и неговата креативност, храна и традиционална кујна, туристички атракции со акцент на потребите на бизнисот. При тоа ќе се развива интернет платформа за на инвеститорите да им се презентираат потенцијалите на регионот. На оваа тема во рамки на една од панел дискусиите организирани по повод отворањето на Канцеларијата на Секретаријатот на КИФ, говори и господин Живко Мукаетов, генерален директор и Претседател на управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во име на организацијата “Самит 100”. , кој се осврнува на важноста на регионалното поврзување и заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање. 

На Самитот во Трст, делегацијата од Стопанската комора на Македонија е предводена од претседавачот на Собранието на комората, Антони Пешев и претседателите на Македонската транспортна асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, Иван Петровски и Благој Христов. 

За време одржување на Самитот во Трст, беше организиран и Бизнис форум, на кој присуствуваат над 100 компании од Западен Балкан, од кои 10-тина од Македонија, организирани преку Италијанскиот институт за надворешна трговија - ИЧЕ. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување