08 Мај, 2024
0.0243

БЕКТЕШИ ЗА СЛИКИТЕ: Ако грешките биле намерни во Секторот за туризам, ќе има одговорност, но тие за 10 дена ги подготвија ваучерите

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Доколку некој во Секторот за туризам во Министерството за економија направил намерна грешка, секако дека ќе биде побарана одговорност и ќе се преземат мерки. Но, треба да се има предвид дека овој сектор и вработените таму успеаја за многу кус рок од само 7 до 10 дена да ја подготват и Платформата, но и ваучерите за домашен туризам за над 117 илјади граѓани. 

Ова е одговорот на министерот за економија Крешник Бектеши на прашањето од новинарите дали некој во Министерството за економија ќе понесе одговорност за двете погрешни фотографии на платформата, каде на насловната страна беше ставено германско, а на самиот ваучер имаше слика од француско езеро. 

За сликата на Платформата Дома си е дома, сакам да ми честитам на Секторот за тиризам во рамките на министерството за економија, кои само за 10 дена презедоа обврска да создадат платформа каде граѓаните на едноставен и транспарентен начин ќе ги добијат вачерите“, рече Бектеши на денешната пресконференција.

За сликата веќе се извинивме, нагласи министерот, но додаде дека симболиката била да дадат пример и порака дека иако немаме море во земјава, сепак, како што стои на сликата, имаме езера и планини. 

„Работиме на дополнителни слики од нашите туристички дестинации и ќе имаме прилика да ги смениме сликите“, рече Бектеши.

Целта на платформата, како што нагласи, не е промовирање на нашите дестинации, туку воопшто на природни убавини.

На инсистирање на новинарите далчи ќе се бара одговорност за сликата, министерот повтори дека Платформата дома си е дома не е кампања, туку произлегува од Уредбата за ваучерите, каде сите корисници можат да имаат увид на транспарентен начин дали ги добиле, како и хотелите кои треба да ги понудат услугите. 

„Платформата е направена за 10 дена, навремено, за да им се излезе во пресрет на 117 илјади граѓани, а ако нешто е испуштено, секако дека ќе се преземат соодветните мерки. Согласно описот на работните задачи на сите вработенби во Секторот за туризам и угостителство во МЕ, ако намерно е направена грешка, секако дека ќе има мерки“, рече Бектеши. 

А што доколку грешката е направена од незнаење, беа упорни новинарите. На ова бектеши одговфори дека ги познава луѓето од тој сектор, и уверува дека тие знаат добро да работат. 

„Ги знам луѓето што раководат со тој сектор, не се согласувам дека не знаат да работат, токму тој сектор ги направи сите успеси во делот на туризмот, зголемен е бројот и на странски и домашни туристи. Ако е направена намерна грешка, секако ќе има одговорност, но за 7 дена да се креира платформа и да се издадат 117 илјади ваучери, тоа е успех. Секторот има знаење и работи професионално, но грешки се можни“, рече Бектеши. 

Тој повика да ја гледаме и позитивната страна.

Односно, овој сектор сега одговара на над 30. 000 мејлови кои се добиени од граѓаните, од кои сите не се поплаки за ваучерите, туку и бројни прашања. 

Сите што исполнуваат услови, а сега не се во листата на добитници, секако дека ќе ги добијат ваучерите, порача Бектеши. Откако дека исполнуваат услови ќе се утврди од УЈП, дополнително ќе се внесат во листата на добитници и секако нив ќе им следи ваучер.

„За ваучерите има над 30 илјади мејлови, но тие не се само поплаки, од 117 илјади ваучери кои МЕ ги испрати до граѓаните, половина немаат доставен имејл адреси до УЈП, иако од нивниот матичен број се гледа дека се добитници. Но, потребен е мејл за да им ги пратиме вачерите“, рече Бектеши. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување