Богданци гласаше против рудникот Казандол
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2017
Повеќе од 98% од гласачите во Богданци коишто излегоа на гласање се изјасниле "против" на референдумските прашања.
Граѓаните на Богданци кажаа "не" за работата на рудникот Казандол и отворање на други рудници во нивната општина. До 19 часот на гласале 61% од вкупниот број на запишани избирачи.
Од „Цивил" кои го следеа гласањето рекоа дека имало притисок врз гласачите да не излегуваат на
гласање.
Референдум за рудникот во Казандол ќе има месецов во Дојран, а Валандово собра
потписи и чекаат да се распише референдум за истиот рудник.
Претходно референдум имаше во Гевгелија, и граѓаните гласаа против отварање на рудници со злато.