ЦИГАРИ, АЛКОХОЛ И ДРУГИ ПОРОЦИ: Каде во светот се најскапи, а каде најевтини?
Објавено во: Економија 13 Јануари, 2017
Разликите во цената на стоки како тутун, алкохол, амфетамини, канабис, кокаин и опијати во над 100 земји се огромни.
Трошоците за пороци како алкохол, цигари и дрога може да чинат по човек само 41,40 долари во Лаос и неверојатни 1441,50 долари во Јапонија неделно.
Bloomberg ги споредува цените во повеќе од 100 земји во однос на САД, каде неделно човек би платил речиси 400 долари, или околу една третина од неделните примања.
Во апсолутна смисла најниски цени има во Конго, Хондурас и Лаос. На другиот крај на листата е Јапонија како најскапо место, проследена со Нов Зеланд и Австралија. Кошницата чини под 100 долари во 18 земји.
Земјите со високи приходи, како Луксембург и Швајцарија, нудат најдобра вредност. Во Венецуела, поради гигантската инфлација значи дека локалните жители треба да платат суми, 17 пати повисоки од неделните трошоци за шише пиво, кутија цигари.