09 Мај, 2024
0.0246

Државата догодина ќе позајми 530 милиони евра

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата ќе позјами догодина најверојатно 530 милиони евра, пари со кои ќе се финасира буџетскиот дефицит. Според најновите проекции кои денеска ги соопштија премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими за буџетот за 2021 гоидна, минусот во државната каса ќе биде 34,9 милијарди денари (567 милиони евра) или 4,9 проценти од БДП. Во таа година достасуваат за наплата стари долгови од околу милијарда евра.

Премиерот и министерот како што објавивме најавија промени во изворите на финансирање на буџетските потреби и репрограмиирање на јавниот долг. Планирано е да се издаде развојна државна обврзница, а пари ќе се обезбедуваат и од приватизација на дел од акционерските друштва во кои државата е акционер или државните компании кои се во загуба, но и продажба на државно земјиште.

Според информациите, парите догодина ќе се обезбедат од надворешно финансирање со еврообврзница кое ќе биде реализирано во првата половина од годината, а другото ќе се надополнува со домашни државни хартии од вредност. На домашниот пазар ќе се позајмува и до крајот на оваа година.

Бесими рече дека до 2025 година јавниот долг ќе с енамали до 58 отсто од БДП. Во Моментов е над 60 отсто од БДП.

Бесими рече дека во буџетот за догодина има раст на рошоците за плати за 20 отсто во собрание, надоместоци за образование, потоа дополнителен ангажман, вработувања во академија на судии и обвинители.

Буџетот за следната година тежи 4,03 милијарди евра и ќе биде буџет на поддршка на здравствениот сектор и погодената економија. 

Вкупните приходи се позиционирани на 3,45 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување