08 Мај, 2024
0.0236

Филип Морис прогласен за топ работодавач во светски рамки

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Филип Морис Интернешнл (PMI) петта година по ред е прогласен за топ работодавач во светски рамки од страна на холандскиот Институт за врвни работодавачи.

Ова признание е еден вид потврда за напредокот штo Филип Морис Интернешнл (ФМИ) го прави како дел од процесот на трансформација, цврсто позиционирајќи ја компанијата меѓу најпрестижните работодавачи во светот со фокус на задоволување на потребите на глобално разновидната работна сила.

„Ние сме горди што сме именувани како една од 16-те меѓународни организации на годинешното глобално сертифицирање „Топ работодавач“, што зборува за нашата постојана извонредност во практиките за управување со човечки ресурси и нашата способност да ги задоволиме потребите на современата работна сила“, изјави Адријан Шутер, глобален раководител на интегрирано управување со таленти. „Визијата на PMI да создаде иднина без консумација на цигари, ја поттикна енергијата и страста на нашата работна сила која се состои од 73.500 глобални вработени да застане зад нашите напори да донесеме позитивни промени за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле со пушењето и, секако, за целото општество“, додава тој.

Инаку, Институтот за врвни работодавачи ги доделува овие признанија проценувајќи ги HR практиките на компаниите во шест димензии: нивната способност да управуваат со стратегијата, обликувањето на трансформацијата, привлекувањето на вработени, развој на работната сила, ангажман на вработени и обединување на вработените преку културата.

Како дел од процесот на сертифицирање, ФМИ требаше да демонстрира пред независните ревизори за човечки ресурси дека се истакнува во овие шест димензии одговарајќи на 400 прашања поткрепени со докази.

Филијалите на Филип Морис Интернешнл исто така беа признати како водечки работодавачи во 44 земји низ Европа, Блискиот исток, Африка и Азија / Пацифик.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување