КХВ ја запре постапката за издавање дозвола за преземање на Макпетрол
Објавено во: Економија 19 Септември, 2016
Привремено се запира постапката за за издавање дозвола за преземање на компанијата "Макпетрол" АД Скопје.
Ова е одлуката која ја донесе Комисијата за хартии од вредност.
Во образложението на Комисијата се наведува дека постапката е прекината заради решавање на претходно прашање кај друг надлежен државен орган.
„Заклучокот е врз основа на член 1 став 2 од Законот за презeмање на акционерски друштва, како и врз основа на член 147 став 1 од Законот за општата управна постапка.Според овие законски одредби, ако КХВ како орган што ја води постапката, наиде на прашање, кое претставува самостојна правна целина во надлежност на друг орган, а без чие решение неможе да се одлучи за поднесеното барање, КХВ ја прекинува постапката, додека надлежниот орган не се изјасни по претходното прашање.
Постапката по Барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на "Макпетрол" АД Скопје, поднесено од страна на "Balkan Petroleum Holding Limited",Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе ja продолжи по решавање на претходното прашање од страна на надлежниот државен орган“, стои во дописот на ХВ до медиумите.
Како што е познато во јавноста „Balkan Petroleum Holding Limited“ е компанија која и фрли око на Макпетрол и сака да ја преземе.